загрижено (прил.) - праша (гл.)

- А, тие, со мајка ти, често ли се караат? - загрижено праша. - Не, - реков, - многу ретко.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Зошто многу се задржа? - загрижено праша мајка му Анѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нели така си велиш? - одеднаш сериозно и загрижено праша Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- А сега? - загрижено праша Павле. - Ќе копаме под цевката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)