загубен (прил.) - во (предл.)

Едно тригодишно девојче кое очигледно сѐ имаше загубено во толпата, како кутренце цвилеше по нејзините родители.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Со ококорени очи ја гледав неа, тоа мало девојче загубено во големата, темна шума, тоа мало и храбро девојче што мавта со рачињата во ноќта, очекувајќи да ја здогледа чичко Љубе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Острото морнарско око, загубено во опасниот простор на морето, ја следеше оваа зграда слетана на самиот врв.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој не ја виде, не ни можеше да ја види, но ја чу.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За чудо, почувствувала спокој на ова островче на изгубениот балкански рај, на брегот на Меди­теранот, загубено во големата вавилонска тврдина, каков што бил Солун во таа клучна година за балканската исто­рија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)