задолжително (прил.) - треба (гл.)

Тој сакаше да се поздрави со домаќинот, но не му даваа да си оди велејќи дека задолжително треба да испијат по една чаша шампањско во чест на подновувањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
При тоа, задолжително требаше претходно да се обезбеди мислење од синдикатот, кој беше активно вклучен во целата постапка (чл. 11-12, ЗРО/90). б) во 1993 се избриша и експлицитната одредба која велеше дека откако работникот, кој бил прогласен за технолошки вишок, веќе при- мал двегодишен паричен надоместок – потоа, во наредните две годи- ни (што значи, сè на сè четири години) – ќе има предимство при вра- ботувањето кај истиот работодавец.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кога би се утврдило, тоа би значело дека синдикатот задолжително треба да биде вклучен во постапките што се предмет на предлогот на законот (класификацијата на работните места, видовите вработувања, општите права, должности и одговорности, мобилноста, 58 Закон за вработените во јавниот сектор, Сл. весник на РМ, 27/2014. 59 Закон за изменување и дополнување на Законот за вработени во јавниот сектор, Сл. весник на РМ, 199/2014. 64 како и други општи прашања за вработените во јавниот сектор).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Но, ако оваа измена повеќе зборуваше за духот на промените што се внесуваа во сферата на работните односи, отколку што имаше практична важност – останатите промени беа доста поконкретни: а) со носењето на ЗРО (1993) беше укината одредбата од ЗРО на СРМ (1990) која предвидуваше дека работодавецот, во овие случаи, задолжително треба да направи програма за обезбедување на правата на работниците за чија работа престанала потребата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Најпрво, измената пропиша дека во одборот на доверители задолжително треба да биде застапен и претставник на вработените лица кај должникот, освен кога тие како стечајни доверители учествуваат само со безначајни побарувања (чл. 4, ЗИДЗС/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
2. Останати промени 131 Со изменувањето и дополнувањето на овој закон од 2012 година во областа на трудот се воведе нова евиденција на корисници на јавни средства од Агенцијата за вработување на РМ, а дополнително се промени начинот на евидентирање на невработените лица кои се евидентираат според начинот на барање работа, при што сега се врши селектирање на оние невработени лица кои активно бараат работа и се регистрирани во Агенцијата за вработување на РМ, а во засебна евиденција се евидентираат пасивните баратели на работа (чл. 1 од ЗИДЗЕОТ/12).132 Исто така, кај овие новововедени евиденции беа утврдени и видовите податоци кои тие задолжително треба да ги содржат (чл. 3 и 4 од ЗИДЗЕОТ/12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со законот од 2007 година странците кои согласно одредбите на овој закон можат да се вработат, самовработат или да работат во Република Македонија задолжително треба да поседуваат дозвола за работа и регулиран престој во државата, додека 112 лицето задолжено да ја регистрира нивната работа, истата треба да ја регистрира како работа на странец, согласно со одредбите на овој р закон, со определени исклучоци кои се однесуваат на извршување на услуги врз база на потврда за работа, прецизирани со законот, а кои се од краткорочен карактер (чл. 4, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот кога последен пат е извршено однесувањето кое претставува вознемирување на работно место (чл. 21) и тоа задолжително треба да содржи: (1) податоци за подносителот на барањето; (2) податоци за вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место, ако не е подносител на барањето; (3) податоци за вработениот кој се смета дека врши вознемирување; (4) краток опис на однесувањето за кое оправдано се смета дека претставува вознемирување на работно место; (5) траење и зачестеност на однесувањата кои се сметаат за вознемирување на работно место, како и датумот кога последен пат е извршено тоа однесување и (6) наведување на факти и докази (чл. 20).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)