задолжително (прил.) - пензиски (прид.)

 2 Со овој закон се уредува задолжително пензиско и инвалидско осигурување на работниците во работен однос и на физичките лица кои вршат дејност, како и посебните услови под кои одделни категории на осигуреници ги остваруваат правата од пензиското и инвалидското осигурување, а од 2000 година и основите на капитално финансирано пензиско осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Трето, ако ефектот од намалувањето на придонесите и вклучувањето на претходните исплати на работниците за хранарина и превоз во основицата за пресметка и плаќање придонеси е повеќе или помалку ист од гледна точка на работодавците, од гледна точка на работниците ова преструктуирање значи намалување на висината на нивната идна пензија, поради намалувањето на процентот на придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување од 19% во 2009 година, преку 16,5% во 2010 година, на 15% во 2011 година (чл. 25, 30 и 31).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со измените и дополнувањата на ЗПИО во поглед на правата врз основа на инвалидност настанаа промени околу тоа кои лица се опфатени со задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на инвалидност и телесно оштетување, постапката за утврдување инвалидност, паричните надоместоци на лицата со преостаната работна способност и преквалификацијата или доквалификацијата, односно професионалната рехабилитација.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)