заедно (прил.) - го (зам.)

Максимилијан Мертен помислува, дали тоа Мајснер, неговото второ јас, сега одново го сонува него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во таков еден будоар и со тие мисли сега се буди Максимилијан Мертен исполнет од инфантилниот сон и од страста излеана минатата ноќ и забележува дека нема мамурлак, само потешко будење, што сѐ заедно го припишува на мерката со која го пиеше екстравагантниот алкохол што тука, инаку се точи без ограничување и пред сѐ на исцеденоста од љубовната игра што толку благотворно го замори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За неколку дена палтото беше готово. Павле го облече.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Заедно го однесоа кај Перо мајсторот, кој шиеше дома и на кого му беше Павле клиент уште пред ослободувањето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во кабината на зелениот камионет, со натпис на вратите што гласеше „Компанија за градба во Идн Парк“, Даниел и брат му, како и секогаш, заедно го јадеа својот ручек.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вијат болките во нозете и колковите, ама и покрај тоа јас ги посетувам, си прикажувам за тоа што заедно го изминавме и им кажувам за тоа како е денес.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Евангелидис му бил близок (шура?) на проф. А.Наумов, со кого Гарванов работел во Егзархиската гимназија и заедно го формирале споменатото контрареволуционерно братство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Притоа само се погледнаа и сѐ беше во ред. Сега веќе беа добри пријатели и секоја вечер заедно го затвораа дуќанчето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Летачот со кој заедно го почнавме летот одлета со ноќта, исчезна во зората.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со такво чувство броејќи ги скалите до тринаесеттиот кат, Томо стигна до собата 1303, до љубовното гнездо, кое заедно го делеше со Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Густирајќи го кафето заедно го чекаа комбајнерот и аргатите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Итно, со Рада, замина за Скопје. Заедно го бараа во одделението за интензивна нега.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Подоцна дури и Рада ѝ се придружи во пушењето кога заедно го пиеја вечерното кафе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Устата ми е сосема мртва, но ги затворам очите и жешки облаци се дотркалуваат од задниот дел на главата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Разговарам со некоја девојка од некој панк бенд и заедно го докусуруваме остатокот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го заобиколија стражарот и сите заедно го совладаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Никој неможе да ги разбуди.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тоа на Којо Пипиле многу тешко му паѓаше, многу потешко отколку на другите: не можеше да поверува дека е тоа тој Богдан - оној негов верен другар од детството со кого заедно го напуштија селото и заедно скитаа по разни места барајќи работа и заедно го делеа и доброто и лошото и кој му помогна да се вработи во Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Секој актуален чинител се опкружува со кругови од секогаш нови виртуалности, каде што секој пушта во оптек некој друг, а сите заедно го опкружуваат и реагираат на актуалното („во средиштето на облакот на виртуално сѐ уште е виртуалното од повисок ред... секоја виртуална партикула се опкружува со сопствен виртуален космос и од своја страна секоја го прави тоа до бескрај“).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Првин заедно го ископавме гробот, а потоа тој замина кај браната да го земе ќуркот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Следниот ден заедно го посетивме манастирот Плаошник.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Па јас одлично паметам, дека неодамна ние еднаш заедно го разгледувавме прашањето: што ќе биде, кога Барбашин ќе се врати.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Едни беа за готови пари, други имаа широки пасишта по чифлизите па им требаа овци, говеда, коњи; на помладите им беа умиштата по убавите и млади Мариовки, а сите заедно го спремаа пеколното клање на старците, жените и децата што не беа за никаква употреба, за кои сејмените, од своја страна, пак, ги водеа јатаганите и гледаа дали се доста остри за да можат да поништат што повеќе нечисти ѓаури и со тоа да си осигураат подобро место во рајот, та кога ќе појдат кај големиот пророк, да има со што да му се пофалат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Откако, заедно го допратија Цветана Горски до порти, се збогуваа пријателски, Татко ја погледна в очи Мајка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Па, заедно го купивме.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Со татко ми заедно го држевме неговиот молив, заедно пишувавме, заедно бришевме.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Дури заедно го предадовме ракописот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Си спомнуваш, Хајлендер се викаше еден филм што пред две години заедно го гледавме ја и ти, но тогаш ти беше мал за да ја разбереш неговата порака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пријателот ми беше направил чест, па пред да дојдам во Охрид заедно го прославивме мојот дваесет и трети роденден и ме почести со најновиот „Џеј Ло“ парфем.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)