заедно (прил.) - со (предл.)

Татко, со месеци, се распрашуваше, трагаше по најпогодното место од каде што сметаше дека најбезбедно ќе ја мине границата тајно, заедно со семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се налутија пред да го прости господ, рече, и таа не сакаше да ја закопаме заедно со него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Залепено до неговите образи, стоеше младо, бело женско лице, со бушава руса коса, кое заедно со Челебијата и се насмевна на групата слуги.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еднаш дојде заедно со другите додека се копаше бунарот, но во таа збрка, при таа занесеност во работата, не дојде до некој разговор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Заедно со неа се разбрани и студено, морничаво ветре; морничаво како што се морничави и снагата, и мислата и душата при секое вакво исчекување, при секое судбоносно и важно решавање.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имено, со изговор дека наводно, заедно со останатите работници на смена, сакајќи да прибават противправна имотна корист од 5.250 МКД, при утовар на поголема количина сепариран влажен песок од декларираната, го оштетиле претпријатието2  – им е врачена одлука за престанок на работен однос поради кршење на дисциплината, донесена од страна на директорот, а без никаква внатрешна дисциплинска постапка и без никакво предупредување пред исклучување или, пак, било каков друг вид на опомена или санкција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По враќањето од Македонија Лавров заедно со Мисирков работи врз „граматичкиот опис” на Мисирковиот роден говор, а самиот Мисирков направил „опис на неговото родно село Постол на месниот говор” што е всушност неговата прва досега позната научна работа на македонски јазик (1900).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Па сепак, откако внимателно запамети што беше напишано на него, неколку часови подоцна тој го фрли во дупката за сеќавање, заедно со еден куп друга хартија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И кога ја видов внука ми неколкупати заедно со таа зрела жена, со Лу Саломе, имав чувство дека Ана во неа ја открива таа благост, таа веселост, таа способност животот да ѝ го направи поубав и повесел (иако на никој друг Лу не му изгледаше ни блага, ни весела, ниту способна животот некому да го направи поубав и повесел), и можеби и самата Ана сакаше на Лу да ѝ го направи животот поубав и повесел, но ја спречуваше тоа што живееше за животот на својот татко, а претпоставував дека по неговата смрт смисла на нејзиното постоење ќе ѝ даде грижата за неговото дело. Неговото бесмртно дело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На почетокот на работата, кога закопа првпат машината, а потоа и во текот на изградбата, неколкупати доаѓаше и директорот на фирмата, заедно со главниот инженер, заинтересиран изведбите да бидат успешни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сите акции се одвиваат заедно со Јавното комунално претпријатие „Водовод“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
-Некаков Гвоздев... -Токму така! - вели Сухов. -Гвоздев Александар Василиевич! Озлогласен никаквец!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тука слегов, заедно со Митре. Се поздравивме со сите, што го продолжуваа патот. Со Митре се разделивме на станицата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Си мислев - ако, татко ми и натаму нека не се враќа, само да дојде заедно со мајка ми. Не, никако сам, не!
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Палаво човече, нели, а сепак спремно да плаче заедно со секој нажален.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И попусто. Спанкото не ќе го разбуди ни Парагвај, ни Уругвај, ни Куба - дури и заедно со Мексико и Чиле да дуваат во најголема труба.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Од писмото дознавме дека жената на Паун Радевски е во Полска, заедно со девојчето што го памети уште како цицалче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Заедно со искрите на сино заблескотените снежинки, што го боцкаа неговиот поглед во таа пеколна зачекореност, низ лилавата изгаснатост на неговиот поглед, исто онака воздушесто и нереално, ќе се зашаркаше сега и по некоја едвај видлива издолжена црна сенка, која ќе се појавеше некаде на самиот крај од опфатот на неговиот поглед, ќе прошмугаше таму еден миг, а после ќе се повлечеше, недофатливо ни за некаков појасен поглед, ни за слухот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа вечер седна на своето биро и долго пишуваше едно писмо.  Утрото тие зимски денови од новата 1944 година заедно со градоначалникот Карер, Хрисостом се појави пред двајцата највисоки германски претставници.  „Господа, инсистиравте да Ви се предаде список на Евреите”, изјави свечено владиката на беспрекорен германски.  За таа прилика тој околу вратот обеси крст и две панагии, две овални икони на златни ланци на кои беше претставен ликот на Христос Спасителот и на Богородица со малиот богочовек во рацете.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дали само лунѕа, безнадежно талка или, и таа, скапува заедно со него?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најпрвин кај нас донесоа 29 цивили со ампутирани раце и нозе, а подоцна на 8 октомври повеќе од 150 партизани, заедно со околу 2,5 илјадниот транспорт што стигна во Швиноујшче со бродот „Кошчушко“.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Човекот во градот заедно со овие кози беше поблиску до корените на животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И така, отоманските обичајни кодови, потврдувани од животот, се одржувале заедно со христијанските и со муслиманските закони.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во нив по тројца луѓе што не ги познавав. И јас заедно со нив...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Книгата со која Делез стана славен е „Анти-Едип”, напишана заедно со Феликс Гатари, 1972-та.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Македонците од овие места заедно со Грците и Власите, под раководство на Атанас Каратасев (Каратасе) и Ангел Гачо во почетокот ги напаѓале османлиските чифлизи и полските кули.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кога веќе убаво се распознаваше птицата - таа ги рашири крилјата, запавта, се подисправи, откликна и полето заедно со каменот: мал остров пловеше по небото - птицата сонуваше да ја превозмогне смртта - каменот копнееше да го допре својот ѕвезден корен...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На пример, за време на првата Заливска војна, тој проектираше слики на скелетни раце, од кои едната држи митралез, а другата пумпа за бензин, врз Arco de la Victoria во Мадрид, заедно со зборовите „Cuantos?“, на тој начин „прашувајќи колку? (цената на бензин) но и колкумина? (бројот на жртви)“ 145.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тогаш тој, заедно со некои од тие неговите, стави рака на откупот на градинарските производи, но најмногу на лековитите растенија, печурките и боровинките со што Галичица и Баба наша изобилуваат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Рано утрото заедно со цедилото се вади од котелот, добро се истрива со дланките, се направува грутчиња, грутчиња, и пак заедно со цедилото, и потпржен со повеќе сало, се враќа во котелот, за да продолжи да се вари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Партијата ширеше гласови според кои Чанга им се предал на властите, заедно со козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Денешниот комунизам е “интернационален” само во таа смисла што своите пароли ги собира од московските арсенали.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Извитканите фотографии на кои стоиме заедно со дедовците на брегот, Крстот од своето дрво на полицата, Заклучените долапчиња во гостинската одаја, ’Рѓосаниот меч фрлен во градината, Мистрија на мајсторот, Големите бајраци што ги оддиплуваа на свадбите, Огновите летна ноќ в планина, Шкрипењето на портите рано во сонот, Третото венчавање на старецот од соседната улица, Првата прелага на вереничкиот прстен, Пладнето кога заминуваа некаде војските, Сѐ, сѐ некако одеднаш исчезна,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Прв стаса капетанот. напуштен од војниците и стиснат в оклоп на нејасна тага, влезе во колибата заедно со априлската месечина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Почна да собира порез, прирез, да собира војници, а требаше да оди и потера, оти собраните витолошки „Б'лгари“ не сакаа да одат да се бијат со својот „б'лгарски“ Војвода Јована Ѓуровчето, кој заедно со Гурлука и други „патриоти“ се врати во своето Мариово летото 1913 година со голема чета и дојде во Биновиот реон — онаа пуста Опстраница. каде што се Сукаловите колиби.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
XX По исчезнувањето на Чанга заедно со козите татко ми го мачеа големи размисли. Проблемот го мачеше на личен и општ план.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во мигот кога посегнав по спружените алишта и не сакајќи се слизнав на тазе подмрзнатиот балкон, кој за несреќа беше на 13-тиот кат од зградата, каде живеев заедно со моето момче, ми прелетаа низ глава сите овие реминисценции, на кои во друг случај не би се сетила сигурно.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како и да е, со Земанек живеевме онака како што можат само да живеат двајца младичи на седумнаесет години, оти тоа никогаш веќе во животот не се повторува; има човек и натаму одлични другари во животот, но заедно со првата љубов, оди и првиот другар.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така и треба да биде, меѓутоа, тука злото истечува и се шири по земјата како отров заедно со раѓањето на сонцето и со неговата топлина и жарот што се шири од него. И продолжува ноќе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Арно ама, нарачката треба да се сними комплетно, од почеток до крај, заедно со целото оро, кое ороводачот, личниот шофер, го „танцаше“ и го виеше на широко околу цела сала и, бидејќи три - четирипати некој друг си зафаќаше мало кратко оро, музиката престануваше и, заедно со текстуалната порака читана на глас на микрофон, повторно се снимаше од почеток.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Потоа, двете возеа велосипеди, па дури и заедно со неа се зачлени во јавачкиот клуб.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ели, верував, не ги разбираше сосема сите тие работи, но бидејќи и таа беше нажалена сфаќав дека, сепак, и таа доживува заедно со нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас стоев, понекогаш сам, понекогаш заедно со инженерот, горе над машината, на горниот дел од падината, и гледав како под мене полека еден канал ја цепи вдолж планината како на две токму во нејзиниот мев.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Момците го однесоа Бошка во една од одаите на неговиот конак и го оставија таму затворен заедно со неговиот претсмртен страв.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бошко заедно со Калија одеше на чомлек пазар по урда, и на балук пазар по сушена риба, се туркаше и во врвулицата пред фурна каде што целото маало носеше разни јадења за печење, од лебови до тави гурабии и татлии, ама заедно со чиракот од дуќанот на Марко, им носеше јадење и на Марко, и на самарџијата Димо, бидејќи мајка ѝ на Калија, како и свекрва ѝ, беа дамна починати, а таа прекриена чинија со цедило везден му ја грабаше на чиракот, и самиот, напрегнат, ја носеше истурена напред, како да носи цел товар леб и сирење, грав или јанија со јунешко која не смее да се плисне или, чувај боже, да се истури.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По некое време чичко ѝ заедно со братучедот Наум ќе ги земеа гитарите и тогаш почнуваше најубавиот дел од славјето: се пееја најпрекрасните песни - македонски народни, староградски српски, понекоја руска или грчка, се пиеше вино домашно или ракија, мажите палеа по некоја пура.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
" Напред седат слободните офицери од логорите заедно со своите жени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во бродот со необична историја беше запрен, колекциониран дел од Титова Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Одамна веќе беше ја наметнал црната риза и капа, се „подвизава“ заедно со сите негови „братија во Христа“; беше најмал брат и најпослушен, после дојдоа помали од него, а тој стана „ас'л калуѓер"; ги научи сите молитви напамет, дури и тие што „лекуваа“ најтешки болести.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чувството дека остана сосем сама ѝ го раскинува срцето, ѝ ја полни устата со горчина, ѝ ги потсечува колената осамата што дојде со кобното војничко писменце.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се свртев и се оддалечив од нив а ноќната треска, во која умирав заедно со старецот Неделко Шијак и не умрев, побрза од сето мое месо и од сите мои млади жили кон грлото: се склопчи таму, со притаеност на лутица чекајќи свој миг да пушти од себе и студени и врели боцки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вистина, тоа ти бил цел сноп, завиткан околу наоколу со самолеплива хартија, па морав да ги подослободам кога ги палев, инаку не можеше да се потпалат оти, заедно со писмата што ми ги праќаше од Маказар, па и еден број што сум ги собирала уште од кога служеше војска, се собра големо купче.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некои гледаа дека ова е згоден момент да ги смират Танаил и Китан и му велеа на Китан да ја одложи свадбата за некој ден - да не биде заедно со погребот, но Китан велеше: „Свадбата е закажана и не ја одложувам... Одложена свадба коби на лошо...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зашто само со такво сознание можеш да се спасиш од она што му се случило на Форест Гамп - да те лансираат во вселената заедно со жена - типична феминистка и женски мајмун-орангутан како необични примероци на човековиот род од планетата Земја.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ликот на таткото, најавен (заедно со библиотеката) како клучен лик и во претходните книги на Старова, е еден посебен тип на чудак, речиси алхемичар, кој верува дека сите книги од неговата библиотека, ако се прочитаат според една и само една точна синтакса, го кријат клучот на балканското историско проклетство, во кое егзилот е неодминлива судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тука се наоѓа и затворот во кој постои келијата во која бил затворен Гаврило Принцип, заедно со другите атентатори од Сараево на австро-унгарскиот престолонаследник Фердинанд во 1914 година.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
— Нека добредојде сега и Бахтијарица, лели сме блиску до Дренска — му одговори Толе и нарача јадење за тој ден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се истурија во варницата и вивнаа заедно со оние изрешетани трупје што толку се надеваа и ги приготвуваа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тоа надоаѓаше, заедно со стинеењето на неговото тело, заедно со нездржливиот трепет во вилиците, што сеќаваше како му се гнезди и во секој негов дел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Денот го мина дома чистејќи го подот од ѓубре и собирајќи ги паричките од 10 фенинзи со кои заедно со неговиот пријател сликар играа фанта.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По добивањето на отказното решение нашиот соговорник, заедно со уште двајца други работници (еден од Скопје, а друг од Куманово), поднесоа приговор до работничкиот совет,3 во кој наведоа дека отсуствува елементот на вина, бидејќи тие натовариле точно онолку колку што пишувало во кантарската белешка и во испратницата, како и тоа дека не се сослушани да дадат изјава во своја одбрана, а не им е оставен ниту гарантираниот отказен рок кој им следува согласно Колективниот договор за Агро-синдикат и Здружение на водостопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Посакав да речам: Ете, олку од мене, свршеток на приказната, и ја кренав главата, погледнав кон Даскалов, сакав да го утврдам впечатокот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Меѓутоа, малите балкански држави во реформиве видоа најголема опасност за своите претензии во Македонија, па заедно со ТМОРО се спротивставија против нивното оживотворување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Томаица беше цело време позади бината, спремајќи и облекувајќи ги моделите заедно со Тамара, додека Исидора беше со гостите во салата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И додека се води разговорот меѓу стариот сват и „командирот“ на стражата, обично стрикото или братот на невестата ако е поитар — некој од зетовата дружина ќе се префрли некако и ќе ја отвори, небаре насила, портата и овие што преговараат заедно со другите сватови што бодињаа досега, ќе напнат и небаре насила ќе влезат во дворот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едни ја исклучиле струјата во викендичката во Бестрага, а оној што чита 10 месеци му пишувал киловати по паушал и го задолжил за неверојатна цифра, па извршителот му дошол дома да му наплати со седечката гарнитура и витрината заедно со телевизорот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го симнува скафандерот и Месечината веќе трча заедно со неа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа беа офанзиви над народната војска, над жени и деца, над старци, над куќи и кошари, над добиток, офанзиви над момински и невестински ковчези. Заедно со војската која што отстапуеше од селата во планините бранејќи ја секоја попалена куќа и плевна - се точеа колони од испиени, но непокорни лица.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Не можеше да поверува кога му рековме, на влегување дома заедно со трите кози, враќајќи се од митингот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Интересен е податокот дека пред да се одлучи да иницира судска постапката тој, заедно со останатите работници од кои некои веќе имаа поведено спорови, преговараше со генералниот директор и неговите помошници- секретари, меѓутоа тие добиваа само празни ветувања, а во пракса ништо не се менуваше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А тој имаше многу - три маслинки и една детска играчка, па ќе прскаа од нив, заедно со неговата крв, млечни трески кора и црвени парчиња памук, сите заедно за да умрат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таков им доаѓал пред тоа во соништата или со тегобите: намќоросан, речиси без линија на усни, нездраво бел под небриченоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓутоа, Германците лоцирани во селото Негуш презеле напад кон Каракамен и мисијата на капетанот Камерон била евакуирана од Каракамен на Кајмакчалан заедно со Кларк.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во прозорецот му удираше еден чемпрес, а чиј хороскоп го направија заедно со Марин Крусиќ кога овој последниот пат го посети во Блатието, каде што се глави како рибар на санџак-бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во 1902 год., кога Крсте дојде во Битола, стана и домашен учител на конзуловите деца, а на 26.7.1903 год. (ст.стил) тој му беше единствениот сведок при убиството и заедно со неговото тело мораше да ја напушти Македонија и отиде во Одеса, а оттаму во Петербург.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Велес во НОБ“ заедно со Јордан Леов, „Бараме леб“, заедно со Милан Сланев, „Ликот од фрлениот весник“, „Од Париз до Истамбул“, „Моите бележења“, „Една младост меѓу две војни“, „Работничкото движење во Велес“, „Илегалниот печат во Велес“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ќе појдам некаде кај што сме биле заедно со Никифор и ќе чекам пак да ми се појави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
93. Бидејќи Мисирков беше заедно со Д.Груев во Белград, заедно избегаа во Софија, а потоа и двајцата ја напуштија Бугарија, треба да се примат со доверба овие зборови, особено пак ако се имаат предвид и некои новооткриени документи од бугарските архиви од тоа време.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше некаква чудна грутка, истопорена таму, во нивните гради, заедно со измореноста, воопшто не беше студен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Зборуваш, зборуваш, а друг ни беше зборот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Знаејќи дека во овој град никогаш нема да се пронајдам, правев планови како заедно со моите родители да се преселиме во Скопје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таа повторно се наведна над креветот и нејзиниот здив заедно со здивот на другиот, испари во неговиот систем за дишење и го пренесе неверството во неговиот крвоток.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во огништето ископано во ѕидот на земјанката згасна пламенчето и земјанката заедно со големите сенки расфрлени на ѕидовите, потона во мракот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе дојдеш заедно со нас во паркот, да ни покажеш каде тоа се случило.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Веселбата на погребот се зголемуваше, ако при копањето на гробот за да се стави мртовецот, се најдеа шишиња со вино закопани некогаш заедно со мртовецот, на кого коските му изгниле, а тие останале.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Фимка се врати кај Циљка. Дури сега забележа колку е изменета од ланската година кога ја собраа партизанка заедно со сите девојки од селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И, додека е во тек преселното движење на холандските Бури од еден во друг дел на Јужна Африка, ларпурлартизмот ѝ готви на уметноста стапица за да ѝ ги скине врските со животот, граѓанската класа во Шведска бара укинување на племството што можеби, според правдата на развитокот, ќе подава рака да испроси трошки од „никаквечката“ трпеза.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Старецот ја држи в раце свештеничката капа заедно со килибарните бројаници, додека ветрот му ја развејува проретчената коса полека отплетувајќи му го врзопот од долгите бели коси, што лабаво му трепери на тилот.  „Одете оче, засолнете се во пристанишната зграда, ќе Ве повикаме благовремено”, му рече Лука Карер на старецот во чии раце беше крстен во црквата на Св. Дионисиј, заштитникот на островот, добивајќи го името по својот дедо, но и според еден од четирите евангелисти.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Напладне, заедно со„пленот“, веќе е дома, истуширан, преслечен, и со смирена воздишка ја испива првата голтка топол чај од шумски јагоди и ја отвора скриптата со новата улога.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таму и живите спијат заедно со мртвите, велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дишеше длабоко и бурно и така го смири неволниот нагон што неконтролирано, до болка му го стегаше желудникот, но не и чувството на потполна излажаност, не и впечатокот дека заедно со трите транспорти и неговиот живот е заминат во некоја непозната и дефинитивно изгубена насока.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако беше Бугарија со Тракија слободна, а Србија заедно со Македонија поживееше 50 години при едни исти услови, тогаш Македонците ќе работеа заедно со Србите, а не со Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како позначајни промени во работничките права на странските работници во периодот 2010-2014 можеме да ги утврдиме: бришењето на експлицитната обврска странецот заедно со барањето да достави и деловен план за подобност од самовработување, каде што ќе биде приложена инвестиционата и економската придобивка за државата, бројот на нови вработувања, како и доказ за расположливите фондови за реализација на активноста; за да биде издадена нова работна дозвола, странскиот преместен работник дополнително се задолжува да достави доказ дека за него се подмирени сите давачки кај работодавачот каде бил претходно работно ангажиран; се утврди временски рок од 5 дена за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи и сертификати по поднесувањето на барањето за работна дозвола; се отвори можност за странецот барањето за издавање на работна дозвола да го поднесе и во АВРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Очите му солзат, носот му се замрсулавил, лицето му се зацрвенило, заедно со ушите. Дури му помодрува. И само напнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Михајло Горачинов се мачи да објасни дека треба да го знаеме и грчкиот јазик, зашто судбината нѐ одредила да живееме заедно со Грците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се прашува: ќе дозволи ли и може ли да дозволи Србија во тетовскиот говор да се развиваат наместо македонските и српските-бугарски особини, а заедно со јазикот да се развиваат во Тетовско наместо македонски и српски-бугарските интереси?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
3. На другиот ден Гога дојде пред берберницата заедно со Крстета, студент по филозофија, на кого му вети да му покаже еден занимлив човечец.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но кога пропеале трети петли и ко почнало да се разденува а Бошета уште го немало да се врати, стрико Никола сиот се вомјазил да не му се сторило ништо лошо и заедно со стрина Николица и со Атанаса ги разбудиле сите домашни и сите зедно, со запалени вивки и гламни, истрчале на срецело и надале гласови, троа навистински троа од навал, за сите да чујат каква нова несреќа ги снашла и да тргнат да го бараат Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Не, јас сакам да берам заедно со тебе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Така мојата мајка со поглед, со збор, со гест отцепуваше парче од мене, парче кое постојано ќе ми недостасува, парче кое постојано ќе го барам; целиот свој живот чувствував како ми недостига нешто, онака како што на Милоска Венера ѝ недостасуваат рацете; мене не ми недостасуваше нешто во мојата појавност, туку нешто внатре во мене, како да ми недостигаа рацете на мојата душа, и тоа отсуство, тој недостаток, тоа чувство на празнина, ме правеше беспомошна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како да слегуваше од тие темни височини заедно со снегулките.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Жената што со него влезе во лифтот не си ти, туку комшивката Гога.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На тоа, на заканите од странските чети, не се обѕрнуваа само Акиноските, веројатно зашто се чувствуваа силни, зашто беа многубројни, заедно со луѓето кои живееја на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Без двоумење, рече професорот, секој човек исчезнува заедно со своето стебло и со својата сенка.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во меѓувреме, покрај тоа што на фирмата почна слабо да ѝ оди пласманот на својот асортиман и да назадува зад конкуренцијата на пазарот, настануваат и одредени внатрешни превирања и поделби на вработените на неколку табора.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А ние, другарите од нејзиното довчерашно работно опкружување, уредно поканети, наполнивме една цела маса, заедно со едно американско семејство, кое, замислете, веќе со години живее и работи во нашата земја, со 4 деца, од кои 3 беа присутни, па и ората наши ги знаат, па нема-нема, оп на оро.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го нарекоа Али Ахмед, ги зеде за жени Мунивер, единствената ќерка на Мусли бег, и жената на Арслан бег, некоја потурчена Гркинка, и заедно со нив, за да биде што подалеку од Дамческите, зашто можеа да го убијат за одмазда, се пресели во битолското село Чаирлија, таму да господари со чифлигот што му беше ветен на Арслан бега.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Работите на водоводот пак, напредуваа. Присуствував заедно со инженерите кога се ставаше разделната цевка во резервоарот за двата крака што се делеа за двата дела на Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И подрипнуваа заедно со биковите. На победникот ќе му навреа венец од шамак на роговите. Зелен гушник ќе му обесеа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Старите „бугараши“, заедно со новопристигнатите таа година и со некои „гркомани”, на број околу 30-40 души, едни тајно, други јавно и демонстративно, заминаа во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
1864 година Се зададе облакот а заедно со него и Петар. Тој се пробиваше низ маглата, спуштена над селото, која наликуваше на облак и создаваше слика дека селото е завиткано во облак, или се наоѓа во облаци како некое идилично рајско место. Место кое паднало до рајот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите Словени, поданици на српската држава, се викале наместо Словени – Срби, а на хрватската држава – Хрвати. Така учи проф.Јагиќ 132, а заедно со него и неговите ученици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
99. Се зафати енергична работа на Сарафов, заедно со комитетите претседателствувани од него.”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Потоа ни дадоа војнички униформи, по една батериска светилка, пешкир, конци и игла, шамимче за бришење нос, ноженце заедно со лажица и виљушка и потоа нѐ качија на воз и така станавме војници и веќе не бевме деца...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дури во Букурешт, на самото сајмиште, од големи буриња се точеше шира, а со неа, како романски специјалитет, во дрвени паници, заедно со мамалигата, се служи и печена пастрма...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ме радуваше дека заедно со мене доби нови чевли и Бане.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На човек на моја возраст не му останува ништо друго освен да чека, каде и да е“, се обиде да се пошегува свештеникот погледнувајќи го со бистар, прониклив поглед „Освен тоа, сакам да бидам присутен кога нашиот Одисеј ќе се врати на оваа тажна Итака.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да повториме, тој ферман пристигнал кај Скопскиот бег и кадија дури од Стамбол заедно со наведената наредба за извршување на спомнатата казна во врска со непримерното однесување на спомнатиот Никола Леко).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Благодарение на тоа што внимателно ги слушав моите пациенти, дојдов до важни сознанија за тоа како функционира човечкото суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа ја ставаше да се пече заедно со сите со уплашени очи и целата испрскана со студеникава пот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А којзнае дали од жалта плачевме заедно со кучињата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Значи, при современата поставка на македонското прашање, ние очекувавме за наш атер Русија со свои непромислени постапки да се откаже од нејзините интереси на Далечниот Исток и заедно со тоа да претрпи пораз на Блискиот Исток.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зашто тие заедно со своите домашни ги трпеа сите маки од Лумана, ноќе сонуваа страшни соништа и сѐ се будеа причинувајќи им се дека арамијата дошол и сега којзнае што ќе им прави.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Викањето ми доаѓа заедно со миризбата на лековите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оди по патот крај кој е припиена и реката одејќи заедно со него како впрегнати во јарем; на некои места патот ѝ одзема на реката, а на некои места таа му одзема поткопувајќи го; дури долу во полето се одвојува од него и напојува ниви и бавчи, овошни насади и лозја, се провира низ трњари и капинари и други неплодни скрки и стрништа, спојувајќи, како божја рака, диво и питомо, плодно и неплодно, одгледувано и запуштено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но да се потсетиме на приказната. Едно попладне, додека седел во својата градина под едно дрво заедно со двајца пријатели, Јапонецот Мијато Акиносуко задремал и притоа сонил чудесен сон.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Утредента началникот дополнително прочита: „Заедно со исклучените, како социјалист, се исклучува и јункерот Ѓорѓи Делчев.“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Илјадници години е познато дека постојат димензии на човековата свест, што можат да се истражуваат со јога, со софистички и визионерски средства, најчесто заедно со употребата на психоделични растенија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А тој таа можност ја нема. уште како малечок се сврза со црниот живот на мајка си и заедно со неа подеднакво го почувствувал и го споделувал навредливиот бич на сѐ она нечовечко и зајадливо спрема нив.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сето тоа, заедно со една замислена група луѓе и коњи, што поминуваат во некоја летна сончеста квечерина по овој пат, беше само едно бегло враќање од неговата заталканост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше си пригодил сенце, шумичка за овците и козите, слама за говетцата и магарашките, та не пуштајќи ги на паша, бидејќи земјата беше бела, тој им скубаше сено од стогот и шума од лисниците и им фрлаше по трипати на ден и си лежеше испружен крај огнот во колибата, чурејќи си го лулето со убав канатларски тутун, што, заедно со лебецот, сланинката, сиренцето, грашецот и леќичката, редовно му го испраќаше Миша по комшијата Суклета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги посетуваше само заедно со Хелвиг. Ако беа официјално поканети.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Менувањето на правецот на ветровите и притисоците на воздухот, заедно со ненадејното пореметување на температурата, таа нејзина брановидност, ја чинеше недопирлива.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два-три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во 1947 година го фаќаат третиот брат на дедо ми и го заколуваат заедно со неговата жена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се жртвуваш и сега ти го чуваш своето дете заедно со детето на „разлигавениот“ и пријателка ти, па играш пинг-понг во четворка со мажот нејзин секоја среда и петок и баскет секој вторник и четврток.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Копа со нозете, удира во водата и се исправа заедно со неа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
При онаа средба во јули, ме замоли да му ја дадам книгата на Алберт Сониксен, американски новинар и публицист, кој за време на востаничкиот период на почетокот од веков, се движел заедно со четите, вклучително, и во нашите краишта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откако се наигра, наскака и се издиши од тригодишниот товар, Крле го зеде магарето од сестра си Бисера и заедно со притропот Петрета тргнаа долу Цулевата улица да ги товарат багажите од попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сакав да пишувам за Арафат и палестинското движење кога заврши мојата дипломатска мисија, за малку години потоа да престане да постои и земјата СФР Југославија која ја застапував во Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште од раната младост имаше решено својот живот да му го посвети нему; нејзиното секојдневие се сведуваше на средување на она што доктор Фројд го напишал, консултирање околу неговите пациенти, организирање на неговите работни патувања, помош околу справувањето со болестите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не бил нем само Онисифор, тој, со лузната, туку и сите други заедно со жените и децата што помагале во запрегнувањето на добитокот во двоколките на кои ќе се донесат воденичките камења од Лесново, по нивна сметка пред да созреат црешите, пред лето значи, и луѓето редум ќе ги израстоварат на брегот на Давидица, секој својот товар пред своја воденица што жената или некој старец или роднина од Побожјане, од Бањанци, од Кучковица или од Мирковци ќе ја допокрие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се најде заедно со луѓе што не прочитале, а многумина и не виделе книга во животот, особено оние што слегоа од повисоките планини, со појадрите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Грабај, и крцкај, заедно со маските, вели, дури да ги заболат вилиците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нема да се осмелам да ја објавам во ниту еден дневен весник зашто се плашам дека ќе умре заедно со веста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ни врапчињата од небо не се појавуваат, туку и тие еден врз друг чучат,женското долу, а машкото горе и после женското снесува јајченца во седелото и од нив се појавуваат пиленца голуштравци кои сега се веќе големи и праат заедно со возрасните!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ние се заколнавме да загинеме заедно со оние што ги разнесоа бомбите. - Е, ние не загинавме.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И така, заедно со група луѓе, Лири на Харвард ја покренува програмата за истражување на халуциногените дроги.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но и Нероден Петко премираше во ровината на стравот заедно со сите други, збунето, слепо, панично, стрмоглаво черепејќи се во поснопицата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ама, нема да биде наведено дека во ходникот треба да направиш плакар од ѕид до ѕид, само за чевли, патики, штикли и чорапи внатре во секој чевел, заборавени, се разбира, и смрдливи, се разбира уште повеќе; и табла со шајки за сите комплети клучеви закачени заедно со „амбрелите“, и секогаш фали твојот клуч, нели?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пела спрета и се измолкна од нејзите раце и заедно со помалите сестри на Деспина заминаа на кај песната.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ако, пак, ги запрашаш словенските книжевници: „Кој ви ги создал буквите и кој ви ги превел книгите?“ - сите знаат и одговарајќи ќе кажат: Свети Константин Философ, наречен Кирил, тој нам ни ги создаде буквите и книгите ги преведе, заедно со брата си Методија. Уште се живи оние што ги виделе нив.“
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
7. Со чл. 23 од Берлинскиот договор од 1878 год. Турција беше задолжена, заедно со претставници на месното население, да подготви и да спроведе реформи и во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знаеме ние дека мајка ми и татко ми неизоставно ќе дојдат да нѐ бакнат пред спиење, заедно со нив ќе ја отпееме нашата „химна“ пред заспивање: „Ние сме мали дечиња, играме како мечиња“, и ќе се смееме потоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Речиси со трчање, заедно со првите сончеви зраци стаса пред колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше среќен од помислата што тука бие срцето на пријателството, солидарноста со големиот пат на јагулите, заедно со отсутната душа на големиот пријател, Игор Лозински, спасителот на животот на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ама игуменот, откако го рече тоа, си ги собра црквените книги, петрахилите и кадилниците, и заедно со калуѓерите се стегна за Хилендар, а рајата остана сама, да се чуди што ја снајде.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тие кои скришум одеа в планина да собираат чај, си ги препознаваа овците и козите измешани заедно со албанските.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Соочувајќи ги минувачите со овие импозантни слики, понекогаш во комбинација со звук и говор, Водичко има за цел да изврши симболички напад врз идеолошката функција на овие објекти како еманации на моќта, со цел градскиот пејзаж да се претвори во место на јавен дискурс и дејствување.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Дури во Второто српско во 1924-та на адреса на Јанческите стигна едно писмо од Белград, го донесе пошарот од Тополчани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Секој мисли дека е најубаво она место кај што се родил, вели Витомир, и го испушта чадот, заедно со зборовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Најстар од нив беше Крсте Младенов, речиси му беше врсник на братучедот Најда Махаилов, и затоа заедно со него посветен во работата на Организацијата и заедно со него излезен да комитува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сужните ги втераа во еден од авурите и ги затворија заедно со дванаесетте коњи; им дадоа пак по парче леб и по некоја голтка вода и им ги заклучија рацете, врзувајќи ги крајните синџири за по еден од диреците на јаслите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сега знае дека Димостен ѝ има простено што не го дочекала во одајчето во Гаково, веројатно и се гордее што таа заедно со Танаско и Пена го вратија дедото Костадин при неговата Петра за и таа лесно да му се придружи за на тој свет.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа го погледнува: „О, колку си убава, о колку заносна, љубена моја со твојата убавина”19.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мечтаев и лудував заедно со Св.Трифун, режилозецот, нежникот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Баба ококори очи, вчудовидено стегна усни и, чудејќи се, рече:- - Ами куталето заедно со кучката ојпе по овците...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потоа, без да ја открие повторно, тој ја фрли фотографијата во дупката за сеќавање, заедно со некои други хартиени отпадоци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По дрвјата скокаат верверици и, заедно со гранките, се превиткуваат, се закрепуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Низ нивното село поминуваа партизански единици. Заедно со повеќе мажи од селото во една од нив отиде и Змејко.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ја слушаше како зборува со ќерка им, топлината во нејзиниот глас го омамуваше и го потсетуваше зошто воопшто и ја зел за жена.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Им било жал: заедно со Васко Тушев убаво пееле во три гласа јуначки и свадбарски песни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Другата е искитена и подредна со поинакви и попривлечни работи што при прво влегување збунуваат и занесуваат: ѕидовите, масичките, прозорците и ќошињата се искитени со сликички од секаква големина и изработка: чоколади, од весници и списанија, божиќни и велигденски ангелчиња и светци промешани заедно со татко му на Колчо кога бил војник, со брат му на Танаса, со мајка му на Васе кога била невеста, со татко му на Колета кога го закопувале и, најпосле, со дедо ми - кога на некоја веселба во рацете стиска кренато буре.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога имала Кала една година, то ест, кога се родил Мил, мајка ѝ сакала да ја одбие. Ѝ ставала четка од чевли на боските свртена со влакната кон нејзината уста за да ја боцка - не помагало; ги мачкала грепците со смрдлива трева - не помагало: ги премачкувала со пипер за да ја испали - не помагало: Кала сѐ издржувала и цицала заедно со Мил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Предавањата ги подготвуваме заедно со Никифор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Несомнено е дека нашата стара словенска вера е вградена во новата, заедно со паганските култови, со обичаите и боговите кои добиле нови имиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Или дека свеќи треба да купи од тебе, малку се скапи, ама се волшебни и димот од нив удира баш во правец на несреќата и лечи сѐ, од настин, кашлица и грип до бактерија, туберкулоза и рак, заедно со сите пороци, па дури и зависност од цигари.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Каталогот Ла Ринашенте ја минуваше среќно границата заедно со семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Малкуте живот што му остана - истече заедно со крвта што клокотеше во неговите гради и со недоречената мисла. Имаше широка пробојна рана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Лу ми раскажуваше како со недели тој и Џон јаделе само pop-corn, а пари набавувале главно од давање крв и позирајќи за таблоиди на кои им беа потребни фотографии за шокантните приказни.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ама заедно со чепот ги преграбувам и прстите од Левтерија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Што е ова, свадба ли е... - им викаше бесно на офицерите кои заедно со војниците пукаа поделувајќи ја радоста; разбеснет, командантот, ги казнуваше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Татко му секогаш некого судеше, некого осудуваше и тоа свое постојано пронаоѓање и жигосување на мааните кај другите му го пренесе заедно со занаетот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А заедно со изместувањето на пропагандските јазици и со создавањето наш литературен јазик се изместуваат од Македонија и интересите на балканските државички и нивното место ќе го заземат создадените со јазикот македонски интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дали децата во посебен камион или заедно со жените и мажите?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ќе сменам: „Одвај чекаме да падне ноќта и да го преземеме Крушево, та заедно со сиот народ да го викнеме нашето Македонско УРА!“, и линк од Google Earth.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Го испратија заедно со другите деца од улицата, во една голема група што одеше на летување на езеро.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ете, на пример, ние не можеме да си ја објасниме оваа ваша поплака: „Во месец мај годинава владиката Дамаскин заедно со мудурот го затворил училиштето (се разбира, српското) во Велес и ги изгонил учениците.“
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Јас немам женско, и затоа ми е полесно”, ѝ рече мајка ми на Рашела, која со светнати очи, ја слушаше како ѝ ја соопштува намерата да ѝ даде мираз за свадбата, смеејќи се од сѐ срце, заедно со нас на коментарот на мајка ми, секогаш кога Евридика ќе додаваше нова сума на чеизот на Рашела:
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Фаќајќи го, мачорот се превртуваше и се свиткуваше по тревникот заедно со глушецот, постојано држејќи го помеѓу муцката и шепите, како да беше неодмотано клопче преѓа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Летка понекогаш, летно време, го посетуваше во неговото родно село во Преспа; последниот пат дојде заедно со Стефанос кој освен што има спортски манири знае за возврат да биде фер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
65 Во 1901 година Мерџанов и Соков, заедно со ерменскиот револуционер Бедрос Серемџијан, формирале чета и навлегле во Одринско со цел да го нападнат Ориент-експресот и да ја запленат поштата, за да дојдат до пари. Меѓутоа, обидот не успеал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се истури во смеа садриазамот а заедно со него и сите од неговата придружба.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но зашто тие се најдуваат од кај страната на Градишки Пат, минува веднаш под нив, то ест од кај страната од којашто постојано се заканува опасност, зарешетчени се со железни прачки па дури и да стане и да ги отвори, пак не ќе може да се подаде низ нив и да го види цел Станкоски Рид, - ги гледа само јужните падини на Горник, Дупка и западните падини на Зедница - заедно со Горник и со гробиштата на Рамник на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Конечно, г-нот И. и г-нот А. можат да отпатуваат, со автобус, во македонско гратче каде што не биле веќе десетина години. цртежи на местото на трите точки: часовници, бремени жени, лист, бакнеж, календар, недопуштена цигара, клуч во брава, салфетки, полуиспразнета чаша, чадор, мачка, сексуален акт во „јавачка“ положба, циркузантче со неопределен пол што балансира по жица, дланка што на Венериниот брег има хоризонтална лузна, расипана жолта неонка што со крцкање се пали и се гаси, куче скитник што лежи на персиски тепих со главата на предните шепи и мрда со опашката, медицинска сестра со старовремска капа и јаки листови на нозете, девојка со испулени сини очи во жолта фротирска машка пижама, сцена од автобусот, во кој, заедно со г-нот И. и г-нот А., се возат и еден молчалив татко со своето зборлесто девојче, кое му се обраќа со „татко Ратко“, еден испотен бизнисмен, кој постојано вика во мобилниот, нагласувајќи дека ќе биде таму најдоцна за еден саат, плус-минус пет минути, млада ромска девојка во која таа ем се кара, ем се смее: Ава карик... тева кераптуке нешто ... макелту манца... а тој ѝ се смее, и ја гушка. г-нот А. кон г-нот И., додека автобусот минува низ една клисура со бујна вегетација и брза река (дождот, сепак, не падна): Те сфаќам, љубовта не е баш секогаш фер спрема оние што љубат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
По обиколката на Имотот, при којашто тој и другите главешини (на предлог на мажите што го пречекаа и кои и понатаму го придружуваа) си избраа коњи од ергелата, Потковицата, заедно со Имотот, заедно со стопаните, заедно со сите нејзини жители и со сиот нејзин синор, од свое име, и од име на победоносната војска, му ја подари на својот султан, како израз на верна љубов и длабока покорност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во мракот се собираат околу него. Сѐ на сѐ, заедно со него, петнаесет...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Знам само дека ме научија да мразам, премногу знаев и премногу страдав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Судот е должен, во споровите во кои е дозволена медијација, заедно со поканата за подготвителното рочиште [или за прво рочиште на главна расправа] да достави до странките писмено укажување дека спорот може да се реши во постапка за медијација (чл. 272, ст.2 и чл. 436, ст.3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради сите тие причини, а најглавно затоа што Македонците за своето ослободување од грчкиот патрик и од Турција до последната руско-турска војна работеа заедно со Бугарите под името Бугари, а местата за таа борба беа околу Бугарија, т.е. во Стамбул, Влашко, Југозападна Русија и Србија, кои (места) помагаа во ослободителната работа најмногу да бидат застапени Бугарите, – помогнаа да се објави источното бугарско наречје за литературен јазик на Бугарите и Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се наведнал крај една русокоса жена и, заедно со неа, се шета со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во времето на вечниот генерален директор (Ј. Ќука) – работниците се изиграни од него и од тогашното раководство: имено, наместо акциите за коишто вработените даваа и до 50% од платата за да ги купат и за кои мислеа дека се од централата на АД „Охис“ – Скопје, ним им се [про]дадени акции од фабриката што произведуваше течно стакло ГЕС Гостивар, која имаше многу помала реална вредност и којашто подоцна оди под стечај2 (оваа фабрика и раководството ја купуваат со парите кои вработените ги даваат за откуп на акции од АД „Охис“ – Скопје).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ја чуваше во големата челична каса, во канцеларијата, заедно со револверот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дали ќе успее уште еднаш да ги премери силите со оние што почнуваат некогаш заедно со него, но беа поталентирани ли, поиздржливи ли, посреќни, и го оставија далеку зад себе?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Интересни вести ни пристигаат од еден писател (тебе сигурно ти е познат) Ернест Хемингвеј кој е самиот учесник во интернационаната бригада заедно со уште една новинарка Марта Гелхорн и редовно известуваат за ужасното секојдневие на војната.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Заедно со остатоците од дневната светлина пред очи ми заигрува слика на палми кои се нишаат во ритамот на возот, совршено вклопувајќи се во пејсажот и зајдисонцето.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Поголемиот дел од преостанатите години на својот живот таа ќе го мине пишувајќи написи и книги за своите патувања низ светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пред да ги почне овие песнички ги фати зетот и невестата за малите прстиња, за нив се фатија деверот и старисватот и заедно со него почнаа да се вртат околу бурилото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Додека нашите градови и гратчиња мирисаат на скара, во Келн е специјалитет кокошка печена на електричен ражен, која се продава на секое ќоше, во секое кафеанче, заедно со пиво и со други сувомеснати специјалитети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Една од приказните кои оделе со Луовата слика била за некој манијак кој убил четиринаесет деца и го снимил нивното врескање, за да може после да дрка секоја вечер во шталата, а Џоновата слика се појавила заедно со една приказна за некој тип кој го убил својот љубовник затоа што сакал да се ожени за неговата сестра, а овој не сакал сестра му да се омажи за педер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сеедно што, ако беше така, ако свети Јован Крстител го одвел Бошета, остана отворено прашање кое беше чупалето - Божја ќерка?! - кое беше лично како цариче и кон кое и сами Јанческите и сите другите се однесуваа како да е навистина цариче, (Јанчевци од залакот си делеа за да го облекуваат во коприна; дури и градски кревет му купија, го поставија во женската одаја, веднаш под пенџерињата што гледаа во дворот и на гумното и двојно ги зарешетчија), а тоа заедно со децата Јанчески и заедно со сите деца од Потковицата си играше и си растеше со ништо не разликувајќи се од нив, ниту во игрите ниту, пак, во говорот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во раката, кога заедно со војниците ја товарале на колата, ѝ нашле 100 лева, бездруго имала намера да му ги даде на Јована Акиноски кој ја растурил бомбата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ладен и прецизен поглед на магнетизирано ги привлече фамозните батерии: првин едната, потем втората на сосема различен крај врз купот неуреднина, заедно со расклопениот управувач.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- Ако те прими селово, ќе одиш на школија заедно со децава.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Волците беа стасани да го освојат целиот негов круг, заедно со ноќта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Законот не дозволуваше тие жени, сеедно од која причина сопрузите ги исфрлиле од дома, да имаат право да ги земат со себе децата, доколку нивните мажи не ги исфрлиле и децата заедно со нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Поради близината на неговата работна позиција до 37 раководството на компанијата, Н.Н. беше во можност да ги забележи сите дејанија и начини на работа на раководниот тим – што секако вклучуваше и многу ризици кои подоцна, во ноември 2001, се ефектуираа со незаконит отказ од работното место, со што и настанува спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во тоа време, по неуспехот на востанието во Савоја, италијанскиот револуционер Гарибалди е во Јужна Америка каде ќе се бори за независноста на Рио Гранде и на Уругвај, Делакроа го оживува со цртежи Шекспировиот Хамлет, а во Македонија, по пет години од раѓањето на поетот Прличев добитник на првата награда во Атина за поемата Сердарот, негде на планината Бистра изгоруваат живи во плевна двајца стари иконописци заедно со голем иконостас за некој крушовски манастир.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, ајде — пак назад. Но, овој пат, заедно со моите спасителки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се престорија во голем, шарен и возбудлив калеидоскоп што почна да се врти заедно со мене вовлекувајќи ме сѐ подлабоко и подлабоко во нешто огромно и таинствено, прекрасно и застрашувачко истовремено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Под превезот на мрачнотијата луѓето заедно со стоката се редат во колони.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Оттогаш и оттаму беше измислена песничката за него, а тука, зашто беше вистина, немаше лутенка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но другите македонски народности, заедно со другите Албанци, ќе позавидуваат на усилувањето на грчкиот јазик за сметка на другите и ќе организираат партија против грчкиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас сум таа, заедно со татко ти, која упорно го поткрепуваше твоето убедување дека човекот мора да си го сочува својот интегритет, да биде способен да ја забрани слободата од детските дни, и надворешните присилби да ги направи што е можно побезопасни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Клара им помагаше, но не го идеализираше мајчинството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По ова, работодавачот – иако претходно е информиран за ваквиот потег кој би следувал –  сепак, беше видно изненаден кога судскиот курир му достави примерок од тужбата, заедно со поканата за подготвително рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кутрата Рада , кутрите деца , - слушав како зборуваат некои од нив, плачеа заедно со нас, нѐ гушнуваа и нѐ притискаа до себе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И навистина, кога се вратил: мечката орала заедно со другиот вол.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потстана малку и ги турна фармерките, заедно со неговите боксерки.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Првите успеси во борбите со Османлиите, а особено заземањето на градот Негуш, предизвикале одушевување кај народот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Благословено Пелагијо, една од светите маченички, и јас страдав тој ден заедно со вас како што страдам секој ден со сите страдалници на светов!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Одмина тој занесено низ главната улица на градот и исчезна заедно со змиите од спротивната страна на ридот по којшто дојде.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Цврчи во главата заедно со брмчењето на бубачките околу нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Си наполнил Силјан едно шише од човечката вода и си го врзал на гуша, та си се сторил штрк и си летна заедно со Аџи Кљак-кљак, та дошол кај што беа збрани сите штркови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Мајка ѝ стана и заедно со Томе ги однесе во собата каде што беше многу студено, да си легнат да спијат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако сакате и ако можете, славете го заедно со нас Христовото воскреснување и делете ја заедно со нас таа радост...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И средбите со најблиските секогаш ѝ беа кратки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Тој е тип на човек што не загризува лесно на мамка, но ако загризе, тогаш ја проголтува мамката заедно со јадицата.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И неговата, како и Татковата библиотека, можеа лесно да настрадаат, заедно со нивните господари, доколку се најдеа под острото инквизициско око на режимот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Капелата свиреше и гласот на една пејачка мрзливо излегуваше однатре заедно со цимбањето на раштимуваните инструменти и тапо удираше по ќепенците на затворените дуќани...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но, откако не успева во тоа, и откако пропаѓаат и обидите да ги убеди останатите вработени да покренат колективна тужба – тој, кон крајот на 2006 година, одлучува индивидуално да поднесе тужба за иницирање на судска, граѓанска (парнична) постапка и да поведе работен спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие што останаа живи ги налегнаа, ги изврзаа и заедно со жените и децата ги истераа од црквата, а неа откако ги извадија двајцата мртви сејмени, ја запалија со сите исклани селани во неа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А и оној, другион, во кој јасно беше спомнато нејзиното име заедно со името на Вртанов?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Заедно со Зоки Поки живее и еден Фигаро.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во него имаше напишано дека на тој и тој датум, на барање на нивниот државјанин... беше наведено името и презимето на Хелвиг... извршувајќи ја одлуката на судот од Келн, ќе дојде службеник од амбасадата, заедно со него, да го земат Карл.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На врвот од веселбата Јехуда и Алегра ги креваат заедно со столиците на кои седат и - во ритамот на веселата музика во која се извива звукот на гарнетата што младоженците толку многу го сакаат, сеќавајќи се на нивниот прв заеднички Пурим - ги носат над своите глави, како цар и царица на свадбената свеченост што продолжува...  И никогаш не прекинува да трае.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А им дојде така зашто моето име се споменуваше заедно со неговото презиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таткото, заедно со неколкумина други татковци на деца што немаа пари, беше оден кај Шерда чорбаџијата да му земе на заем и тој на сите им даде по лира, а овему само две, зашто знаел дека не ќе може да му ги врати ако му даде повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Од чардакот мина во малата собичка, во која проживеа само два незаборавни месеци заедно со Крстана.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со усните прилежни за испуштање на душата а не за бакнување ја бакнав таа засушена крвава трага.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги затворам очите и слободно паѓам во темниот простор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Главите на сојовите од Потковицата, речиси сите, заедно со Максима и со Костадина Дамчески уште од вечер отидоа на пазар во Прилеп, главно за да купуваат коприна, мониста, пулејки и друго што е потребно за везење и за украс на жените.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А на овој потег се решава после разговорот и позитивното искуство на еден негов поранешен колега од „Охис“, кој го имаше истиот проблем, тужеше и го доби спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Комисијата влезе во училиштето заедно со учителот и кметот кој од вратата им викна на луѓето да не влегуваат во училиштето, да си одат, да ги остават на мира да разговараат со Комисијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ние, заедно со Албанија, сме меѓу најпримитивните европски земји.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во бродот Галеб беше планирано создавањето на Движењето на неврзаните земји на 18 јули 1958 година заедно со индискиот водач Нехру, со египетскиот претседател Гамал Абдел Насер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Може тој, како што беше налутен и ошумоглавен од виното ќе отепаше некого, но само го бутуриса Хаџи Ташку од патот и заедно со другите потковичани си отиде од меаната.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
19. Додека во Македонија беа отворени српски и грчки конзулати, бидејќи Бугарија во тоа време уште беше вазално кнежевство на Турција, во македонските градови Солун, Скопје, Битола и Серес беа отворени бугарски трговски агентства што всушност ја вршеа истата работа на конзулатите и заедно со егзархиските митрополити ја раководеа бугарската националистичка пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тлееја Македонците и на грб нејак влечеа крвава двојна робија: едната како славјани, со јазик туѓ и негрчки, другата како аргати што сакат да прегледаат, да видат бел ден радосен, заедно со народите на Балкан братски здружен во една федерациа.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Зелениот камен веќе лежеше врз домалиот прст на Калпаковата широка шепа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ова е, конечно, таа река, таа Сена, самогласник препречен в грло, заедно со тебе загледан во мувлата зелена на домот заборавен.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Винстон Смит, со брадата спуштена на градите за да се заштити од остриот ветер, се протна брзо низ стаклената врата на Станбената зграда Победа, но сепак недоволно брзо за да спречи еден вител од песочен прав да влезе заедно со него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така во синџир се раѓа сонцето, велат, и заедно со него и страдањата. Дали само тоа?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- И така... - продолжи Дејко, - женките овде остануваат девет-десет години, и кога ќе се наполнат со икра, тргнуваат заедно со мажјаците што ги чекаат на вливот од реката...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ве донесе ли господ да се видиме живи здрави по победата? — иронично се провикнаа Пере Тошев и Петре Ацев, коишто заедно со Тренков, Коле Пешковчето, Шаќира, со целата своја чета се прибраа во Толевиот пашалук и се ставија со Толета, молејќи го да им осигура заклон и леб, бидејќи народот почна да ги отпадува од себе, а тие немаа морална сила да го повелаат како порано.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Заедно со ова трагикомично привидение низ мојата фантазија протрчуваа и оние други слики и дребулии што обично се јавуваат додека жените ни објаснуваат со какви тешкотии биле поврзани нивните подготовки за излегување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Знаел дека го слушаат - сега е тој најмудриот, во него, заедно со желбата и самиот да е голем, расне самочувство што нема граница на траење: жолтицата пушта во луѓето жилички, им го копа дробот, пие крв, лока и сплинка и пуздра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Фракталите на променливоста најлесно се запознаваат преку имитациите на морскиот брег, планините и облаците, коишто од 1975-та ги правев заедно со колегите со помош на компјутерска графика.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Својот интелектуален содружник, Климент Камилски, овој Татко го наоѓа сосема случајно, во една партија покер (прекрасна метафора за балканските односи), и во него наоѓа силна потпора за својот животен, метафизички проект: да се изработи историја на падот на империите на Балканот, а причините да се најдат во јазичните супстанции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со ќајата, ајак-ајак, почнаа заедно да пијат и салеп поросен со дарчин, а еднаш отидоа и заедно да ручаат во еден имарет заедно со сиромасите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Само, човек се прашуваше: кого ли редат луѓето - дали умрените, дали татко им Ѓорета, кој, поради пуста Македонија, ни за нивната свршувачка ни за нивната умирачка не беше тука, ни да им се изнарадува ни да ги исплачи, дали мајка им Илинка, која, во еден миг, како што стоеше на работ од гробот небаре скаменета и без солзи, туку рипна внатре во гробот, го прегрна ковчегот и викаше, молеше, заколнуваше и неа, заедно со ќерките, жива да ја закопаат...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа силно го трогна, по првпат некој од Акиноските оставаше завет да биде закопан тука, во Потковицата, на Горник, заедно со луѓето со кои го поминал векот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така, ние знаеме дека амбиваленцијата и контингенцијата се тука за да останат, и нашата задача е да научиме како да живееме заедно со нив.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
По навик што сѐ повеќе губеше смисла или по инерција што сѐ повеќе губеше сила, уште ја ставаше искапаната врска околу вратот како износен и широк огламник, при сѐ што од вратот му беа останале само брчки од кожата и безгласниот грклан; а косата на главата му опадна пред да побели - па во очите на ненаситните колеги сѐ повеќе прилегаше на белоглав орел со одрана шија, кој уште со ноктите се држи на карпата чекајќи да се срони заедно со неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гледам како иконата со Божицата, светата мајка, се топи во пламените јазици, заедно со нимфите и шеговитите сатири, како нејзиното прекрасно тело исчезнува во правот на Атлантида, Вавилон, Александрија или на некој друг безимен Град.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во серијата изведби на Мјузикциркусот, Кејџ ги повикуваше сите музичари, композитори и уметници на одредено место и одредено време, заедно со публиката, да го работат она што го сакаат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Богами помислив: тоа планината тргнала да истече заедно со водите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност обидот да се насмеам на несоотвеноста на наредбата да чекам, што втаса низ ходникот заедно со ситните чекори на Росана, беше причината повторно да го почувствувам истиот оној давеж во грлото што пред малку ме сепна на влезот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Имаше натопено многу високи ѕидови, имаше соѕидано многу зданија со својот малтер, во многу градови по главните улици стоеја градбите во кои тој имаше соѕидано многу свои денови, заедно со тешките копанки, а од сето тоа имал само едно уште пониско рамо и само толку заработка, за едвај да може да дочека додека не се започнеше некоја нова градба во тој, или во некој друг град, сеедно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Добро, таа ќе спие и можеби некое време доцна во денот заедно со сите, или со половината од децата, ќе дојде да го посети и ќе седне под сенка наблизу, тргајќи долга цигара меѓу модрите усни, но тој што ќе стори? Дали ќе се разбуди?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За таа цел тој, заедно со уште двајца други работници, праќаат писма до Министерството за култура и до НУЦК, во кое бараат, како изманипулирани поранешни работници, да бидат повторно вратени на работа и потенцираат дека најдобро би било спорот да биде решен вонсудски – а со цел да се избегнат скапите судски трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Беа вежбари во еден вод. Другаруваа, заедно со сите земјаци во нивниот полк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Директорот – откако дозна дека ќе биде тужен – го викна оштетениот работник, заедно со уште десетина други работници, и им одржа сочно заканувачко обраќање во кое им рече дека тие не се лојални на фабриката, но сепак, заради неговата „добродушност“, тој нема да ги избрка од работа, а нив ни случајно да не им текне преку извршител да ги бараат евентуално досудените пари што им ги должи претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мајка му веќе нема што да прави, па го седнува заедно со другите гости и го почестува.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Цела ноќ кожата ја пришивал заедно со жената и загледаните деца.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ѝ завидуваа на вродениот инстинкт кој заедно со нејзинита проникливост секогаш ја правеа посупериорна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Смолата од нивните очи ќе капе врз мојата кожа заедно со солзите на восочните свеќи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од земјотресот се разниша и брегот над селото, пукна нешто во него, и заедно со сулфурната вода и пареа што порано избиваше во неговото дувало - сега зафати да избива чад.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дури вечерта ме испрашуваа и потоа, ноќта, ме одведоа во приземјето на една стара затворска зграда на улицата Хане (тоа го видов дента на излегување), заедно со други истамбулски и светски провалници и пробисвети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не знаев како, а и неможев да го скријам злото што растеше заедно со мене.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Треба да се разбуди коренот на косата, велеа, треба да му се подобри почвата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Заедно со Дора ги гледаа човечињата и се смееја затоа што лицата им беа многу смешни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На врвот на „Соколот“ ги фатија карпите и зачекаа да им дојдат потерите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но и опавчето се вртело заедно со мачето, и никако не можело да го дофати.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мојата сенка, мојата душа е од избраните да го продложи родот заедно со сите семиња од Бога создадени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во тоа време Џеки беше тотално во drag - заедно со смеѓата перика и темниот кармин и макси сукњите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ја плаќаше татко му Аврам отштетата и заедно со полјакот и шумарот го следеа каде оди за да не ги запали житата или шумата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Оттогаш сите места што сме ги поминале заедно со Никифор, како да ми останаа маркирани во душава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Никако! - одбив. – Јас во тој дел од паркот во живот веќе нема да стапнам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Концептот на национализмот и националнот јазик остави трага на меѓукултурните односи заострувајќи ги до таа мера, што на преведувачот повеќе не се гледаше како на креативен уметник, туку како на еден од елементите во релацијата господар- слуга, заедно со текстот на ИЈ.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зар нема и тој заедно со нив да се извлечка одовде?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дојде до Бошка и му се сплетка во нозете. - О, Перо! Мачорче убаво! - Рече Бошко, го зема мачорот и заедно со него легна на креветот. - Слушај, Перо, бато ти Бошко ќе ти раскаже нешто убаво!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И уште нешто, заедно со нас во искачувањето ќе биде и една планинарска група од Македонија. - О, да, по Олимп ќе се искачуваме на планината Ниџе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако ја презеле и ја разурнале населбата, заедно со куќите ги изгореле и жителите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Згора на сѐ, и записникот за извршената контрола, кој беше без печат и без деловоден број, имаше датум кој не одговара со критичниот датум кога се вршел утоварот; тужениот работода- вач не го пријави случајот во МВР како кражба, ниту пак поднесе било какво барање за утрврдување и надомест на материјална штета од избрканите работници – меѓу кои имаше и вработен кој порано, поради својата чесност и посветеност, беше и парично наградуван како најдобар работник во претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ах, хлапец, под ноктите си скрил земјичка татковината на дланки да ти израсне: поздрави се со својата несреќа, хлапец, на распјат заедно со неа ќе те одведат со еден брут ќе ја заковат,хлапец твојата небида на дланките.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ги лижевме патем заедно со дедо ми и тој предложи да одиме во Маџар-маало, за да ми покаже каде живеел кога бил дете и младич.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дали можеш заедно со мене да скокнеш во центарот на животниот оган?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ги собрав желбата, копнежот и сонот, и ги ставив во меур од сапуница.. да се распрснат заедно со него... Да не сонувам.. Да не копнеам.. Да не посакувам...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Исто така Македонците можеа да работат и заедно со Грците, да можеа Грците да работат поумно и да беа само Грција и Македонија под Турција околу 50 години, кога сите други балкански земји би биле слободни.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Колку многу исплакав над тие писма и подароци, и колку писма благодарни напишав заедно со тато.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Беше еден од основачите на Серуското осигурително друштво Саламандер.* Поради исплата на осигурување тој лично спалил четири куќи за издавање заедно со станарите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Заедно со добрините за интересите на Македонија, изброени погоре, името Бугарин донесе и негативни резултати за револуционерното „дело”: Името Бугарин и нееднаквите уверувања пред Бугарија и пред Европа за судбината на Македонија по нејзиното ослободување создадоа полна недоверба кон нашето „дело” од страна на европејците, мислејќи го за итрина – не македонска, ами бугарска – за маневар на бугарската влада да се реши македонското прашање поскоро.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред налетот на бугарските војски Србите се повлекоа од Потковицата а заедно со нив, со Десимира, и Благуна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Влегов во мојата соба и ја пронајдов книгата на која беше сликата на мајка ми, заедно со сликите на другите загинати во земјотресот и не знам по кој пат си плачев со неа на градите... мајко, мајчице моја, кој може тоа друг да ми биде...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Две момчиња, внуците на Алберт, играат фудбал (светското првенство е во тек, Бекам и другите победуваат, Бразил сè уште не е на ред) на малиот тревник пред влезот на куќата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тогаш бев заедно со Витомир. Капетан Мирковиќ секогаш ми даваше по некој војник за испомош.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога Мајкл Болкон (Michael Bolkon), заедно со Виктор Савил (Victor Saville) и Џон Фридмен (John Friedman), основале нова, независна компанија и почнале со снимање на својот прв филм, Хичкок, и покрај сите други должности, работел и како асистент на режисерот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И секогаш, и на сув камен, му успевало да создаде леб, постојано верен на сите оние клетви, заедно со кои и беше создаден, таков, немајќи потреба да ги оттурнува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Александар, ланската година заедно со Влатко беше во тимот којшто ја организираше кампањата за регрутација и не можеше да му се доначуди чуму се трошат време и пари на кампања?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Беше фатен во некоја куќа при ноќна кражба заедно со болникавиот Цветан.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој имаше и некои други алишта и украси, како што беа кафеавите, гускини панталони пикнати во енормно големите чизми, црвените шамичиња и револверите, како и една пушка, сместена преку седлото заедно со кожниот колан со милиони куршуми на него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На дел од отвореното небо, неопределиво парченце кусо ослободено од октомвриските облаци, лежи некаков призрачен белег, зрачен мраз или разјадена месечина и ѝ ги граба на темницата запизмените раненици, го отргнува од неа заедно со нивниот грч, и нивната безнадежност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
документација - мултикилограми на мелени, чадени, побелени и пресувани дрвја, што ги добиваш заедно со програмот или компјутерот
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Учителот Стамен заедно со болничарите што беа дојдени од градот, во училиштето гаснеа вар во буриња, и кога ќе остинеше варта ги тераа децата да се капат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ова и слични дејствија, заедно со наративната структура која се измолкнува од сите конвенции на раскажување, се погрижија за тоа околу Burroughs одамна да се разидуваат мислењата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поголемите заедно со овците истрчаа надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Настапија тешки часови. По цели дни таа плачеше, а пак јас како некој инквизитор полуден од љубомора - ја мачев, ја навредував и страдав заедно со неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Може да биде сосем спротивното на тоа што го реков јас погоре за комитетите, т. е. тие се готови да ѝ дадат на Европа секакви гаранции Македонија да не се соедини со Бугарија, но тие никојпат не ќе се согласат да се упразни во Македонија бугарскиот јазик и бугарското име во полза на централното македонско наречје и името „Македонец”, со други зборови, тоа што го реков јас дека имало само еден чекор од таа положба што Македонците и македонските комитети по македонското прашање се држат кон Бугарија, па до полното отцепување на Македонија и Македонците од бугарските национални интереси, не е право, зашто не еден чекор, ами цела пропаст го одделува едното од другото, и комитетите ќе покажат најсилно спротивставување на новото течење; 2) ако се допушти оти комитетите никојпат нема да се согласат со упразнувањето на бугарското име и јазик од Македонија, а заедно со нив против новото течење ќе биде и целата македонска интелигенција со бугарско образование, тогаш од каде ќе црпи сила за себе новото течење?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Добро направи што си купи облека на ластик која се ширеше заедно со неа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имаше облечено нова мантија и ставено нова шапка; инаку носеше фетва мантија, излижана и посивена од сонцето; имаше густа брада што му се спојуваше со косата и мустаќите; му се испакнуваа само јаболкцата на образите кои оддаваа црвенило и здравотија; кога газеше, газеше со појадри чекори, при што со нозете како да ја набиваше калдрмата по патот, а мантијата му се затегаше напната во колениците и шушкаше; крстот заедно со клучовите од манастирските порти и простории, провиснати од десниот џеб, му се нишкаа при одење и ѕвецкаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
XV Мајка си ја криеше својата љубов, својата голема љубов, најсилно почувствувана токму во тоа дамнешно патување во Италија, заедно со Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како ноќе во ниедно време заедно со моите другари ги изнесуваме мртвите од бараките и коњушниците и во мракот ги закопуваме во плитките гробови...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во денешна Европа, освен католичката светска црква, белки постои, заедно со академскиот хуманизам, само уште еден духовен космополитизам: „Маниристичкиот“ езотеризам. Fabius Von Gugel, Семафор 228 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Синот на Тајко почна во пазарните денови заедно со нив да се враќа од градот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас ја потурав Споменка, а таа мене и знам дека не ви е верно, но со четири или пет шишиња вода ние бевме избањати, заедно со косата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За да се разбере постмодернитетот треба, според Вашата сугестија, да се напуштат категориите како што се: општество, нормативна група (класа или заедница), социјализација, контрола, и да ги замениме со категориите „социјалитет“, „станиште“, „самоконституција“ и „самоздружување“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И вториот: Веќе два пати за мене животот има завршено: еднаш, во 1945 година кога татко ми повеќе не можеше да ми овозможи да продолжам да учам така што морав да ѝ се вратам на земјоделската работа којашто не успеав ни да ја засакам ниту пак на неа да се навикнам и, вториот пат, кога почина жена ми оставајќи ме како чкор в планина по кого што никој жив не ќе се наведне да го земе за макар каква употреба ама јас и сам си го имам кабаетот зашто немав пари да му го платам лекот за да си ја излечам женат на Војаната, душманиот на мојот татко заедно со оној Трајка Казиовски од Ливаѓе и сега и мои душмани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вечерта, додека вечераа под слабата светлина во одајчето Чана прво го искара Дончо дека иако има сила и снага на големо дете, не треба да заборава дека е во седмата и дека оваа есен ќе треба, заедно со Пела на Пелагија, да појдат на школо и таму, седејќи на кареклите, да го учат животот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Какофонијата од настанатите звуци е резултат на ситуацијата во која секој може да ја бира музиката што ја сака.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И затоа никој не знае како стана и што стана ама Сврделот, бидејќи изгледа власта го дошика што работа работи, мораше да побегне и да оди со партизаните, заедно со тој Ѓунијата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Подготвителното рочиште треба да се определи така што на странките да им остане доволно време за подготвување, а најмалку осум дена од приемот на поканата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Првин, имајќи го постојано на ум едниот, почетниот, крај, убиството на стрика Анѓела Јанчески, се обидува да го намота клопчето на мислите за потоа да почне да го одмотува сталожено и лека полека сѐ до основната, сѐ до часов сегашен, во кој тој се обидува да го нацрта планот на населбата во Потковицата, - цртежот оставен на масата на средината на одајата тоа означува, план на населбата во Потковицата, заедно со црквата, со општината и со училиштето, кои треба допрва да бидат изградени - потоа, не станувајќи од столот, гледа низ едниот па низ другиот прозорец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Работодавецот кој ќе го прекине работниот однос на инвалидното лице или средствата 106 ги добие врз основа на неточни податоци е должен во рок од 30 дена да ги поврати целосно средствата заедно со банкарската камата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој не стаса ни да помисли на нешто како на вреденост и разжаленост; тоа остана да демне во него само како уште едно далечно, тенко, но заедно со тоа и толку злокобно знаење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И пак сѐ се смири. Периферијата се затвори во својот оклоп заедно со стравот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Постоев заедно со мрачни сеништа, нив им ги дадов моите детски соништа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ѝ заблескаа, како бисери во паметта, и сите денови и ноќи поминати заедно со Крстан и тоа ја занесуваше како сон по голем умор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Донеси ми ја заедно со сликата. Мене ми е доста тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во нив на најтопол начин беа испишани изрази на сочувство, како и покани заедно со моето сестриче да станеме членови на нивните семејства.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Беше упорен како река, ги донесе козите во градот заедно со луѓето и не сакаше да остане на пол пат...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Судот е должен во споровите во кои е дозволена медијација, заедно со поканата за подготвителното рочиште да достави до странките писмено укажување дека спорот може да се реши во постапка за медијација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Под врбата”, заедно со Гоше, постојано се врткаше и Киријаз, вработен во аптекарската мрежа на Ласте Думбаровски како набавувач на стока.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но за да се раскаже таа сторија требаше да се вратам неколку години наназад, во летото на 1978 година кога за првпат се сретнав со соборецот на Јасер Арафат, големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, заедно со неколку палестински поети, во Струга, на бреговите на Охридското Езеро, кое го сметав и за своја конечна татковина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ветерот повремено толку силно бие што не ги носи само зрната песок, туку отцепува парчиња и од самото Јас, па тоа Јас се чувствува немоќно, му се чини дека ветерот ќе го понесе и него заедно со песокта, ќе го згасне уште пред да бидат одвеани сите зрнца песок кои му биле доделени за до смртта, и тогаш Јас бара некое друго Јас, некои други Јас, со кои ќе се движи заедно додека околу нив беснее ветерот на времето; има потреба од тие други Јас не како поткрепа за преживување во материјата, туку како поткрепа за преживување на она најсуштественото од тоа Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Колкупати во студот сум си рекла да слезиме долу кај пашитата. Да си дишеме заедно со добитокот. Едни со други да се топлиме. Како што правеа мнозина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа настаните почнаа да се одвиваат како на грамофон со труба, на напуканата плоча ставена на погрешна брзина: предвоениот доктор заедно со својата животна придружничка реши пензионерските денови да ги заврши во родното место, кое сметаше дека најпосле заслужило славниот сограѓанин да ги остави своите коски на прадедовските гробишта штотуку здобиени со нова реформистичка управа; младата мајка се уштутка во одеднаш испразнетата куќа, со доенче во едната, а скрипти во другата рака, не знаејќи дали попрво да готви ручек или да пере пелени, па најпосле најми дадилка и се префли на фармација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Има премногу уметници, а премалку публика.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Факт е дека Дишан ја одбира еротиката како тема која е апстрактна за неговото творештво, така што природно го нагласува впечатокот, бидејќи ако и постои нешто што не ја поттикнува рамнодушноста туку, напротив, ја возбудува длабоко продирајќи дури и во митот, тогаш тоа е човечката сексуалност заедно со инцестот и смртта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Заедно со живеалишните и добиточните згради, со живинарниците, кошарите и амбарите, со гумната и оградите за излачување на добиточниот подмладок, со бунарите и коритата за пиење на добитокот и со родните дрвја, Имотот, на садриазамот му се чинеше, се простира до во недоглед.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше дамна контаминиран и сега урнат големиот југословенски мост кон Палестина, заедно со маргинализирањето на движењето на неврзаните земји, по крајот на студената војна и биполарната епоха.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крчо пак, скриен во малото ќералче, слушаше како шепоти Нешка кога беше зборот за него — да не ја слушне мајка ѝ — а после заедно со Тода се смееше изгласи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите беспомошно се вртевме околу неа потргнувајќи се од гредите што крцкаа и гламносано летаа заедно со штиците од покривот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А тој не им се лутеше, заедно со нив се смееше: беше го испратил еднаш, кога бил малечок, татко му Софре да ги паси гуските, а тој си дошол дома без нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во 1950-та, заедно со законот за колективизацијата, како негов претставник и спроведувач, во Потковицата пристигна и Блаже Алексоски - Пената.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
104. И така комитетите, а заедно со нив и воопшто Македонците, се ослободуваат од влијанието на бугарската влада, создаваат своја независна програма за работа, таа програма ја пропагираат во Бугарија и со неа добиват влијание врз бугарскиот народ, а преку него и врз владата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Имаше чувство со кое се потупнува по вратот коњот под себе, кога се тргнува на далечен пат, она чувство, со кое што му се префрла раката преку рамо на другарот кога се има да се стори нешто тешко заедно со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На самиот влез нѐ пречекува директорот на Атеистичкиот музеј заедно со шесте водичи - конзерватори, секој задолжен за еден од секторите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Затоа и ги собраа сите селани од деветнаесетте мариовски села да ги бараат заедно со нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ете, наспроти сите божји нешта, Сега луѓето застанати на прозорец гледаат и се крстат: Точно во таа доба и од страна зад која исчезна таа Квечерина, заедно со ѕвездите - изгрева и сонцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се капиме заедно со лиотите. Се прскаме, претаме, ко калуѓерици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таков човек каков што е овој колар беше мојот старец. А отаде заедно со моето детство. Го прогонува - и не пукаа во него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога светата заповед пристигна за пристапување кон работа, се состанаа двајцата кадии, ама при одењето во Булачани, заедно со шеријатскиот ополномоштен застапник на пашата, кадиите одредија и сведоци, старци и спахии што се во близина на овој имот, и тие како чесни луѓе на овој вилает да ги потврдат меѓите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Болката на душата е стара колку и човекот, екимот изумирал заедно со своите мевлеми, болката останувала како и да се преименувала, а сега тој доаѓа како ништо друго освен како подновен обид со неочекуван, а пресметан убод да навлезе не во душата туку само во мозочната ципа, за да го поврати човекот во оној канализационен жабарник што се вика нормален живот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Му се чинеше како површината на стаклото да е куполата на небото, под која е затворен цел еден мал свет, заедно со неговата атмосфера.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ѓоре ѝ ја отворил раката, ги зел парите, ги дал на војниците, а потоа, доцна ноќта, мртва си ја донесе дома.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И Грците живеат заедно со нас, велат луѓето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пликот со двете канадски марки, што го имаше добиено од својот Крсто, сега заедно со војничкото четириаголно парче хартија ги грее во пазуварката - до срцето...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Уште наредниот ден, заедно со стрикото пристигна во Солун, преноќева кај нив, а на другиот ден, вечерта, со едни прилепчани, кирајѓии, пристигна во Битола, кај тамошните деленици, за третиот ден, напладне, да пристигне во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Трчаат заедно со мажите. Сите имаат нешто бушаво, одврзано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Барем да имавме поп, да се молиме заедно со него. Ама селото нема поп.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред очите ѝ никна она малото Крле попово, на кое му даваше тиква, кора и јајца заедно со нејзините деца и ѝ излегоа пред паметта сите стари планови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А обичните селани не сакаа да слушнат за некакви чети и војводи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Калија стана од плочите, и сега таа, заедно со Марко, почнаа да го креваат Бошко од студените камења.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Портата, пак, незаситлива и вечно сомничава дека Акиноските, заедно со собирачите на приходите, ја поткрадуваат, одново ги зголеми борачките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
109. Сливница им покажа на Србите оти ако една Бугарија со Источна Румелија може да ѝ покаже на Србија еден сливнички пораз, тогаш соединета Бугарија, заедно со присоединетата кон неа Македонија, во идно време може и сосем да ја победи и да ја пороби Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше чудно молчалив.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Небаре да потпевнуваат, заедно со водата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На Триманова ѝ се зема за грев наводната блискост со нејзината дотогашна претпоставена шефица, која претходно е избркана од работа – по што следува „логички“ расплет и таа да биде истерана од фирмата, како еден вид колатерална штета од целата ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас ги поттикнувам да зборуваат за своите проблеми, преку слободни асоцијации, низ спонтан разговор, за да можам да стигнам подалеку од симптомите на нивната болест – до траумите од детството кои заедно со примарните нагони се закопани во нивното несвесно, и така да дојдам до вистинско разбирање на нивните болести и до излекување на пореметувањата кои се јавуваат кај нив во процесите на чувствувањето, мислењето и однесувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Знае и тој дека прашањето на селово нема да се решава одделно... туку заедно со манастирот Свети Наум...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Лицата им се грчеле - црно и бело, биле ту негатив ту позитив на една глава. Мртво гледале кон трите запреги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А тој беше гас и гаќи со преседатељо на општината мислеше дека нему никој ништо не му можи и тој, заедно со овој Војнета наш мене ми ги имаше пуштено партизаните да ме убијат зошто сум бил кмет и сетне со нивни ниспет партизаните ме затворија а и уште да можи нешто најлошо тие мене ќе ми го сторат зашто тие сет вногу лоши луѓе ама и овој партизанскио суд што не ет суд туку суди само накодошени луѓе мене мана не можеше да ми најде и ме ослободи ама Трајко Казиловски и Војне мене дрвата не ми ги имаат заборавено и ако им дојде на колај тие мене пак и најлошото ќе ми го направат“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Иако не се помрдна од столот, во умот тој трчаше, брзо трчаше, беше заедно со толпата надвор; викајќи до заглушување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Опустошувањата што ги правеа нашите предедовци во Византија беа такви факти за кои не можеше да се молчи; а заедно со прикажувањето за опустошувањата се прикажуваше и за опустошувачите, спрема кои Византијците се однесуваа со гордост и презир, како спрема варвари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога Кундера би го видел народот на Плоштад Македонија како одделува сопствени пари за да постави рекламни постери од поп-пејач (и по неговото трагично преминување), сигурно би добил инфаркт, па потоа сите би го тажеле заедно со починатиот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој, пак, султанот, Мурад I Ходавендекер, во склад со својот лукав и сомничав ум, искажа милост: сомневајќи се дека некој друг ќе може толку успешно да управува со Имотот колку довчерашните стопани, и сомневајќи се дека ќе може некого друг, некој Турчин на пример, да го ограбува колку нив, на Акиноските им го остави Имотот, а заедно со него и титулата и господството над целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имено, парничната постапка, меѓу другото, се прекинува, и кога: – двете странки тоа ќе го побараат заради решавање на спорот со медијација или на друг начин (чл. 200, ст.1, ал.5 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Татко му за херојство во Руско-турската војна од 1877 година, заедно со орден лично од раката на генерал Скобелев го прими и овој часовник.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Експертите по хортикултура (заедно со селаните, кои го израмнуваат земјиштето и ја подготвуваат почвата) ја „промовираат“ новата голема градина на местото од некогашниот замок.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Види го ти него, - поблаго додаде кога виде како Шишман пак ги оптегна рацете нагоре заедно со белата шамија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Беа чунким во некој зарек да направат една добра Задруга; ниеден од неговите селани, заедно со кои што тој до неодамна војуваше, а тогаш беа дојдени од Армијата, не се жалеше себе си да стори сѐ да биде тоа една добра, една нивна Задруга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Шаторот се затвораше со патент широк како офицерски ширит, од врвот до прагот, а тука се заклучуваше со катанец, чиј клуч го држеше Геро како најстар во екипата, но не во малото џепче кај ситните пари туку на синџирче заедно со ножето за отворање конзерви и отнување тапи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сегашното име на Езерец му е дадено по некој си Петропулакис кој од островот Крит, како што гласат гласови, заедно со своите паликарја, повеќето поранешни затвореници, бекрии и козокрадци, дошол во Костурско да ја ослободува Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имаше нешто толку топло и нежно во маминиот глас и така слатко приспивно, и јас заборавав на сите задачи од математика, на сите домашни и заедно со Ели се занесував во сладок сон.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Да си појдат дома, да вечераат и да си легнат, заедно со кокошките, со добитокот...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во рацете држат врзани кокошки и, заедно со нив, паѓаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
148. Владетелот на северозападниот дел на Македонија, со седиште во Прилеп, кралот Волкашин, заедно со брата си Јован Углеша, загинува во Маричката битка со Турците кај с.Черномен (Одринско) на 26.9.1371 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да знаеш. - Збор да нема. Заедно со Килета.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Особено голем публицитет во јавноста на САД предизвикало првото интервју на Јосип Броз Тито дадено на д-р Стојан Прибичевиќ и на Џон Талбот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ако терапевтот работи со тим на котерапевти, на крајот од средбата овој тим заедно со клиентите учествува во интервјуирање на терапевтот во врска со разговорот. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 63
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во тоа време, кога немаше кој да управува со Имотот, и мајсторите од дуќаните се отселија во Прилеп, а заедно со нив и еден клон од Дамческите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа придонесло да се развие сточарството и да се развие месарската „индустрија“ (пастрма, лој) и заедно со тоа и трговијата со овие производи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Жеден за свет, се втурнува во Париз, ја учи техниката на анимирањето и од тоа, заедно со неговата Емина, печали за живеачка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можеби беше тоа тајната на мојот живот што се постилаше пред мене, очекувајќи ме да навлегувам во неа и да ја откривам секој ден, секој час, секој миг?!?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ех, тага ле, откако се знае Потковицата себеси, небидница владее со жителите нејзини, таа си ги коренува...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа стана и тргна накај стрништето на кое одвреме-навреме летаат јата птици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А кога забележав дека и таа мрда, заедно со мене, сум почнала да се радувам како со најблизок роднина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немаше зошто – пред да јави момакот дека дошол некој од Брезница, тој беше тука, заедно со Дика и седеше на местото каде што после седеше Бошко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Освен со оружје, што била главна работа, неговите карвани натоварени со прехранбени, пред сѐ сточарски производи, оделе заедно со турските војски, со коморите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога ќе слегува Небеска долу, вели, да оди заедно со Никифор...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На плажата влегува заедно со другите деца и раководителот го учи да плива.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во статутот со правила за заедничко живеење што како подарок ќе го добиеш заедно со зеленото светло од пријателките додека те гушкаат и ти честитаат, убаво ќе стои сѐ на што треба да внимаваш во иднина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нулта точка На Ѓоко Апостоловски И оние врз кои паѓа и оние врз кои не паѓа светлината знаат дека секоја билка исчезнува заедно со копнежот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Имаше во него нешто старо, некаков печат на прерана старост, иако под брчките (особено често го брчкаше челото, што заедно со очилата со ефтини рамки му даваше изглед на млад старец) се гледаше дека тоа е лице на дете.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Овчарот го скротна своето стадо кон сенките губејќи се заедно со стивнувањето на распеаните ѕвонци од овците.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Своите прашања си ги чуваше за себе си заедно со одговорите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го испратив веднаш утредента, подготвена на долго чекање на одговорот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Томето ја ценеше Атина пред сѐ како одличен професионалец односно како поискусна шивачка која беше ангажирана од страна на организаторите да работи на главните модели заедно со главниот асистент на Перуниќ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Селото Бразда, сосе селаните, до пред ден-два, беше во атарот на Свети Ѓорѓија-Горг, а сега, откако манастирот беше затворен од Турците, имотите им беа разделени на заслужните воини од битките во Унгарија и Босна, а селаните, заедно со нивите, шумите и чаирите, без едно-две, станаа кулукчари и поданици на Падишахот, потурчени насила и дури со амин од игуменот, за да не се крене поголема врева и да не се исукаат јатаганите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сум чула нешто, вели. Што си чула, прашувам. Дека спиете заедно со мажите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка мораше да се врати од Солун, во Лесковик. Според предвидувањата и информациите на нејзиниот татко, тогашен префект во речиси развластениот Лесковик, од војските кои доаѓаа и заминуваа заедно со туѓите окупаторски режими, во Солун требаше да се очекува големата воена разврска, пресудна за Првата светска војна...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но кавалот исчезна во белиот бескрај заедно со побратимот и со големиот брод...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Откако наидува на крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос од претпоставените и откако увидува дека е изманипулирана и практично не постои можност за вонсудско решавање на спорот, таа – заедно со уште десетина работнички 282 кои се најдоа во ист кош, а охрабрени од позитивното искуство на некои работнички од истото трговско друштво, кои уште од порано се одважиле спорот да го решат по судски пат – решаваат, во јули 2009 – та, да поднесат колективна тужба против нивниот довчерашен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие, пак, во слава на Перета Тошев, прилепчнаец и член на Централниот комитет на Внатрешната македонска револуционерна организација, кого заедно со сета македонска историја си го имаат за свој, на станицата ѝ го дадоа неговото име - Пере Тошев.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ние сме во тебе, во твоите очи, заедно со белите птици.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во собата на црковната куќарка во која живееше, заедно со него дење и ноќе живееја испреплетени мирисина едно минато, билни мелеми за војувачи, стопен восок, катран. околу него без расфрелени стуткани листови од некаква стара тетратка - обвинуваше, не можеше да објасни зошто.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На куќата - во - себе како да си отворил девет џама низ нив да и влегуваат другите куќи, парче небо, една црква со осум кубиња и со еден крст, две трепетлики, една остарена слива, еден орев што сам си го засадил, неколку џунџулиња од градината, со нив неколку полжавчиња, три-четири пеперуги, две кошници пчели и осум осилници со оси, стршлен некој и една полна месечина од која ќе се плашиш и ќе стреперуваш, зашто преку џамот и преку очите, таа влегува во тебе, заедно со едно море кое ќе ти бранува во мислата и ќе те обеспокојува и ќе те полудува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Шумите се сушеле. Дивите магариња паѓале заедно со зашеметените муви. И пцовисувале.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Каде пивото се влева во Медитеранот заедно со првите капачи.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Симон ја изгубил Милица заедно со детето при првото породување, само по година и пол заеднички живот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се завртев и ги напрегнав очите во мракот. Заедно со сенката се жбиравев.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сето ова и уште многу нешто кое до нас, за жал, допира пооредно или никако не допира, било или можело да биде запишано во тефтерот на господарите на Потковицата, Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Машината веднаш ја стави кутијата цигари на послужавникот, заедно со кибритот, тој ја скина црвената лента од целофанот на горниот дел, го отвори едниот ќош од опаковката и извади една цигара.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во тогашното најдемократско оксфордско диско со егзотично име „Ramses“ (кое само по три години, кога пак го осетив Оксфорд, веќе беше струшено) каде што тој, заедно со уште тројца и пејачката, Индијката, беше live music тапанар во паузите кога диск-џокејот се одмораше од пуштање плочи.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој го заузда понито (без тешкотија) кое одеше речиси два километри на час и го отпоздрави врховниот монарх.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓу стеблата во снегот стоеја вдлабнатинките од испаѓаниот окит, како единствени измешани дири, што покажуваа дека тука наодамна поминал со својот палав чекор на заводник тој јужен ветер, а потем отпатувал натаму во длабините на шумата, од каде што сега, заедно со она трубење, се слушаше како понекогаш прикрцкуваат гранките, кои сосема им се подале на неговите топли игриви прегратки, така за тој да може дури и да ги однесе на својот пат и остануваа скршени со онаа слатка болка на трудницата, или пак продолжуваа ритмично да го повторуваат своето занесено стенкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Марш! - Тој покажа со рака и заедно со брмчењето на моторот, го снема.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш однекаде задишена пристигна и вујна ми Кола заедно со братучетки ми, Стојна и Мара, моите мили братучетки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Бледа трага, побледа и од старечко постоење, ќе остане да стои и откако мене ќе ме нема, а потоа и таа трага ќе исчезне, заедно со ѕидот, заедно со мојот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие го пренесоа центарот на Револуционерната организација заедно со сите национално-политички прашања во Македонија за да бидат слободни во своите постапки од бугарската влада.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Моето трето око почнува да зрачи, црн отров ми го исполнува телото а девојката ми раскажува за сторијата на дрогите и рокенролот. 5.30 Во такси сум заедно со уште три прекрасни девојки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се втурнуваш заедно со луѓето во продавниците, во дуќаните, морничаво бавно минува времето во огрмните хали на стоковните куќи, додека чекаш во „опашка“, за ова или за она.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Заедно со војниците е и кметот, па често на плачењето на мајка ми, одвраќа: - Не знам ништо...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нему Марко му забрани да се потурчи заедно со него, зашто така одново ќе ги изгубеше пронајдените деца и жената.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Овие нови зданија, заедно со стариот Камен мост и големата извишена тврдина зад нив, позната уште од праисториските времиња како главно упориште на сите империи на Балканот, ја формираа трајната физиономија на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се викале поради недоразбирање Бугари, тоа уште не значи оти и јас треба да сум како нив во мрак за мојата народност; ако се викале тие Бугари, тоа не значи оти ние ќе треба да престанеме да им веруваме на Русите за атер на разни Стамболовци и Свирчовци, наместо заедно со нашата пролеана крв ние да си го бараме правото од каде што треба, да допуштиме да ни се бркаат во работите луѓе што и самите не знаат што бараат; ако се викале моите дедовци Бугари, уште не значи дека јас имам право да ги експлоатирам македонските интереси со издавање весници, кои наместо да ги бранат интересите на нашиот народ – ги бранат бугарските и интересите на бугарскиот кнез.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Одвнатре, заедно со сламата испадна едно писмо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Си запали и тој свеќа на сите три светилника, се прекрсти по христијански обичај и излезе заедно со старците, та поддена разговор пред црквата, прашајќи ги отворено што мислат за опсадата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Тука нешто пишува. Некој со ноже си го врежал името! - рече Горан Стојчевски, кој седи заедно со Панче Василевски.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Црниот Пандил матно објаснил дека има жолтици што одат од човек на човек како летна, онаа упорна и добиточна мува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Описот на предметот се објави тоа утро, заедно со другите информации за него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Додека го открива стравот, додека се слуша последното биење на блиската камбана, тие се веќе од другата страна на реката, во уличката која, заедно со многу други луѓе, ги истура во дворот на црквата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
По Турците таму се случија големи преселби, заедно со деда ти дојдоа просвигите, а по просвигите на Грција ѝ се случи Граѓанска војна, се случи трагедија на децата- бегалци, власта во Грција ја презедоа полковниците и така испустено и напуштено село- сениште што од далеку го видовме кога се возевме за Костур од каде што ти фати авион за Солун и Атина?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа беше повеќе посакувана, принудена, отколку реална историја, во која јас бев еден од малите протагонисти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова изгледа е најуспешен обид за бришење на разликата помеѓу животот и уметноста, така што животот останува живот, а уметноста уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- А како си го замислуваш тој друг збор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дедо Геро, кога ќе немаше некоја работа, заедно со Јонета и со Гелета, ќе се искачеше на ледината над Петров Камен од каде што се гледаше далеку, далеку наоколу и ќе уживаа во убавините на Преспа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Својата слечена жолтокожност ја оставив висната на чивилукот во собата 43, во скопската Воена болница. (Жолтилото го задржав само во песните и во белките.) Утревечер заедно со мојот втор живот скромно ќе си ја прославам Старата Нова Година.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ја исчистив собата од неред и чад. Ги исфрлив опушоците заедно со пепелникот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Со сојузничка помош и наоружување ние можеме да создадеме војска од 700 -800.000 војници, кои заедно со сојузниците ќе му го зададат последниот удар на германскиот фашистички окупатор".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На трети август, вторник, по еден краткотраен дожд претходната ноќ, заедно со Јована, отидовме кај гробот. Се разбира, со него се договорив за цената.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во една голема книга, што сега стои на масата заедно со куп други, и кои ја имаат заградено мојата машина за пишување, а со неа и мене, прочитав: „Зар мислите дека човек ќе го постигне она што го сака?“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Поради кревањето глас и „бунењето“ против оваа свесна измама врз работниците, Љ. Н. е тргнат од работното место и е прогласен за технолошки вишок, заедно со други работници во новоформираната „Група 99“ (група која е составена од работници што го креваат гласот поради изиграноста и поради ова бунење 167 се прогласени за технолошки вишок и се избркани од работа).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ГЛАВА ДЕВЕТТА НОЌНА ЗАКЛЕТВА
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Го адресирав пликото што го пронајдов во фиоките заедно со другите празни плика и хартии на мајка ми, со надеж дека ќе стигне во Гоа, тогаш кога Игбал ќе биде таму.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Покрај „вализе-то“ на Марија Мартинс, многу други примероци од Дишановата луксузна едиција беа изложени на оваа изложба, вклучувајќи еден посветен на Кетрин Дрејер, и уште еден на чилеанскиот сликар Роберто Мата Ехаурен, кој заедно со Дрејер ја напиша првата книга за „Големото стакло“(12).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Некогаш сите бевме деца. Деца кои беа заборавени во полноќната тишина, во темнината научивме да гледаме, а и да слушаме во глувите тишини.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Добар е и вака да се јаде, со џимиринки, со сирење, или со кисело млеко, но многу е посладок ако пред тоа се потпече, во тепсија, заедно со џимиринките, или со сирењето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Многу од плевните и кералите испопаднаа, а добитокот луѓето го префрлија во куќите, во одаите и спиеја заедно со него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ги ѕидаа, тие нови куќички, во еден прекрасен ред, се радуваа заедно со дечињата, што беа останати без куќи во оние неколку воени ноќи, така што веќе беа одвикнати да имаат своја дома, а сега од утро до мрак стоеја крај нивното градилиште и гледаа како никнат нивните нови куќички со своите чудно умни и не според возраста загрижени очи, а после очите на сите мајстори им солзеа, заедно со придушениот плач, измешан со бранливата и надојдената во сапови смеа, на тие дечиња, додека им помогнуваа да се населат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Претам заедно со змиите и пијавиците што ми се лепат по кожата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)