залудно (прил.) - ги (зам.)

Завивањето веќе не се повтори, па му се зачна мисла дека волците можеби се повлекле и залудно ги чека.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа, е потоа научив да ги споделувам работите. Не бев повеќе сама.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И, најверојатно, многу совесни жители залудно ги дале своите животи за да го излекуваат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Залудно ги правев сите тие лоши работи, таа секогаш се концетрираше на бебето. Ме молеше да внимавам на него.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Зошто понекогаш одат по површината на земјата, газат врз неа, зошто долгите крилја залудно ги влечат по сопствениот грб?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Долапот на сонцето залудно ги навртува водите кон каменот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Потоа пред очите му се појавува проколнатиот Тиша беав, деветтиот ден од јулско-августовскиот месец Ав, го гледа Ерусалим завиен во писок и плач, луѓе што трчаат во очај и во гнев, мајки што залудно ги довикуваат своите деца, градот окрвавен од силовитиот удар на вавилонските војски и Храмот диво ограбен и завиен во пламен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)