залудно (прил.) - ќе (чест.)

Никогаш неможев да и одолеам на страста да се достигне блаженство, состојба на умот која не е ништо друго освен целосен мир, спокојство и слобода на страстите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе можам ли повторно да сакам или залудно ќе го чекам денот кој нема да дојде, љубовта која повеќе нема да ја почувствувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Залудно ќе викам по тате, тој е далеку, во Кочани !..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Оние пак кои видоа што се случи нема да можат да сторат ништо, и залудно ќе се обидуваат низ полудените звуци на автомобилските сирени да им објаснат на другите да почнат да бараат друго чаре.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Говореше онаа мала топчеста бригадирка што ја плискаше со вода оној ден, беше се распалила, а образите и вивнале в огин: – Залудно ќе ни оди сета работа, додека сред нас има саботери.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Видал во Солун залудно ќе ја бара својата некогашна малечка татковина, закопана во времето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ако решат еден ден да нѐ изневерат да нѐ прелијат со високи вокали блудно да се одлијат во туѓи планети безнадежно, речиси залудно ќе биде да се спречуваат во намерата: водата не знае за доста!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Адон - во согласие со таа опседнатост - ги опишува сите можни пансексуални испреплетености во светот на луѓето, животните, растенијата и камењата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се појавуваат Љубовни парови од сите „нормални“ видови, па потоа хомоеротските парови од женски и машки тип; нарцистичките „автисти“, хермафродити, первертити... цела една галерија на сексуално однесување каде што залудно ќе ја бараме Љубовта ако таа не е „ласцивна“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)