замислен (прил.) - рече (гл.)

Оваа книга која говори за дезилузионизмот по фазата на адорација на левите европски интелектуалци од советскиот сталинизам (како Сартр, Арагон, Сартр и други) беше поводот разговорот да се префрли на улогата на личноста, на интелектуалците, на големите дипломати во разврската на современите историски процеси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но каква врска има ова со ориентализмите, со односот кон нив кај балканските народи?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пандо го зеде второто писмо, се загледа во него, подигна веѓи и полека, замислено рече:- И ова писмо војникот не стигнал да го прати...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Лакхдар Брахими гледајќи во отворената книга на Малро Човеквата судбина, замислено рече: Се чини мина засекогаш времето на големите, харизматични личности-интелектуалци во поновата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По малку тој замислено рече: Кога те слушам, почитуван пријателе, ми се наложува мислата дека балканските народи, во чии јазици се вкорениле ориентализмите кои тешко може да се откорнат можеби се во суштина многу поблиски до османската цивилизација и нејзиното време отколку што би сакале да бидат!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)