засекогаш (прил.) - изгубен (прид.)

Со поглед недопрена, во чувство непретворена, во душа зариена, тогаш таа љубов нека ме убие, а овој немир нека биде проклет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Љубов незаслужена, далечна, недостижна, некаде осамена, заробена, љубов скриена, предадена, замрзната, избледена, засекогаш изгубена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ја очекуваа вистинска карта, како дар на судбината, која требаше да им поврати нешто засекогаш изгубено, за да се смири, урамнотежи во нив во блискиот залез на нивните животи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Цело време ќе споредува, ќе бара нешто засекогаш изгубено и не ќе може да го пронајде во мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)