значителен (прил.) - влијание (имн.)

Ова значително влијание кое државата го стекнува над приватната сфера придонесува за бришење на линијата помеѓу државата и граѓанското општество, помеѓу јавната и приватната сфера.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ова е проследено со зголемување на улогата на државата во јавните функции како што се 86 образованието, медијацијата во социјалните конфликти и обезбедувањето на социјална сигурност, како и преку преземање на сопственост и контрола над медиумите.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Терминот ‘border’ обично се користи при дискутирањето за психолошките разлики и при потенцирањето на региони а не линии повлечени на географски карти. ‘Frontier’ генерално се однесува на територијалната експанзија на нациите или цивилизациите во дотогаш „празни“ области. ‘Border- land’ обично се смета дека означува регион во рамките на една држава што е под значително влијание на меѓународна граница.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Интервенцијата на големите сили, во случајов, имала значително влијание врз војската и полицијата и врз солунскиот башибозук.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)