зошто (прил.) - бил (гл.)

Зошто воопшто постоеле сите тие радосни потреперувања и очајнички свивања на срцето, зошто биле кажани тие зборови вистински и зборови лажни, зошто сите тие надевања и разочарувања, зошто тие мудри мисли и мисли глупави, зошто таа радост и таа тага, зошто злосторствата и зошто добрите дела?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако времето не се сочувува, ако секој миг не е спасен во некаква форма, тогаш самото време е бесмислено, тогаш сѐ што се случува во времето (а сѐ што се случува е во времето) е бесмислено, и сѐ што некогаш било, што е, и што ќе биде, е потполна бесмисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но поетот го преколна казната што побргу да се изврши, зошто бил убеден дека со повторното раѓање, уште посилно ќе ја поседува во себе неуништивата љубов.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И тогаш се сетив зошто било плачењето на Оливера Поточка пред два дена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ако не можам да те сакам, вели, ќе можам да те тепам, како ѓуптинот ѓупката, вели, првин ќе те завиткам во една черга, вели, за да не можам на место да те отепам, и после ќе мавам, ќе мавам, вели, дури да ме заболи раката ќе мавам, дури да те засакам повторно, вели, и после на секое удрено место ќе те бацувам, вели, за да се сетиш зошто било тепањето, вели, младоста сонува, му велам, а староста само се сеќава на сонот, рекол некој, колку деца ќе имаме, прашува Горачинов, јас веќе имам едно, велам, ти имаш, вели, но сакам и јас да имам,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)