зошто (прил.) - седи (гл.)

Но целта беше постигната. Заптиите мудурот од Витолишча неколкупати го прашаа зошто седи тука, а тој им ги покажа алатите и „дуќанот" и тие го оставија на раат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Народот оттука таков бил, ако е некој болен трчаа да му помогнат, на некој ноќе ако му гореше светилката, трчаа да видат зошто седат толку доцна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А кога ти вечерта дојде од некаде и влезе кришум внатре, чувме плач во одајата, чувме дека дете „се роди“, и тогаш јасно ми стана зошто мајка ми редеше дипли на мевот и зошто седеше затворена во одајата чекајќи те тебе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)