зошто (прил.) - сме (гл.)

Дали беше оправдано, морално оправдано, на пример, да се верува дека филозофијата би требало да содржи еден “дел”, едно подрачје или некоја морална последица од филозофското спознание?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Прашањето, ако ништо друго, нѐ присилува да се запра­шаме зошто нешто сме очекувале, зошто сме очекувале она или ова, од ова или она, од оваа или онаа личност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каде сме, зошто сме уште тука, во овој круг на пеколот, на дното што се гледа, еден од девете, за секој прв и последен, тешка навреда.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Кога појдовме заедно во канцеларијата на воспитачот и кога Бане му објасни зошто сме дошле, тој прво се намршти, а после ни рече да ги кренеме нозете.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Им рекле одите и чепкајте и тие чепкаат, не испрашуваат и распрашуваат, ама не за тоа низ што поминавме и зошто сме тука, туку дали некој од страна се меша...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите во животот се соочуваме со предизвици, сме чувствувале гнев, лутина, горчина која не јаде зошто сме биле изневерени, предадени од луѓето за кои бевме спремни да им го дадеме срцето за да живеат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но немаме време за медитации, до крајност се обидуваме да го истрошиме умот, зошто сме свесни за крајот што неминовно ќе дојде, барањето мир прерано ќе ни го покаже тој пат до крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Прелистувајќи ги книгите уморни од вечното трагање по тие суштински прашања, а не добиваме ништо друго освен банални одговори, медитацијата ме потсетува на стихови кои оставија траг врз полноста на моето постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со тажен поглед ми велеше дека му е многу жал што така се случило, зошто сме му биле омилените потстанари сѐ до моментот кога јас си заминав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Плачно – Господи, зошто сме толку ситни?
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
СЕЛАНЕЦОТ: Знам, и поп Китан вели така да се прави, зошто сме рисјани. Ама, тоа е така само за поука.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Дај ми ти чист есап, брату. Кажи ми зошто сакаш да ми алалиш, инаку нејќам...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Е, зошто сме „дебили”? – се заинтересира тој викенд за време на вечерата Огне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Гледај си ја ти твојата работа, грижата за вас е наша. Зошто сме родители?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сите тројца имате некои карактеристични „дебилски” одлики – се смееше татко ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Родители сте, си мислев, ама поим немате што им се случува на вашите деца.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зошто сме криви?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зошто сме толку вљубени во наши­те галеничиња, што често постапуваме на начин кој е спротивен на нивната добродетел - на пример, облекувајќи ги кучињата и мачките?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но, зошто сме всушност сомничави кон тие синтетички слики, тонови и холограми?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ете зошто сме денеска радосни.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ние, засрамени, не знаевме како да му кажеме зошто сме дојдени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ете зошто сме денеска радосни.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Имам право да истражувам зошто сме дојдени на овој свет, на оваа планета, каква е смислата на нашето раѓање, растење, минување низ најразлични маки и тешкотии, влегување во брак, повторно раѓање на децата кои минуваат низ исто толку маки, учење на разни вештини, желби за осознавање на светот и сѐ со мисла дека утре ќе бидеме среќни, а потоа губење на истите тие способности во староста и на крај умирање, исчезнување.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Ах ние жените, зошто сме создадени волку слаби и беспомошни - шепотеше Анастасија додека удараше по перницата, иако, одамна ја беше извлекла од под навлаката и последната прашинка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нѐ гледа уплашено и рини од тиквата со корупче. Му кажуваме зошто сме дошле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)