зошто (прил.) - ги (зам.)

Татко ми долго време размислуваше, што е вистина, особено кога замина Чанга – зошто ги убиваат козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми поттикнат од потрагата по одговорот на прашањето што го бараше Чанга – зошто ги убиваат козите, беше готов да напише ново поглавје за својата замислена книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми трагаше по одговор на прашањето зошто ги убиваат козите во некаков проклет балкански затворен круг во кој секогаш се останува на почетокот, во балканската варијанта на апсурдот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги имам видено претходно на телевизија и на филм.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зошто ги нарекувате нив ’виртуелни реалности’?“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зошто ги симна заправо тие два цртежа?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но и колибите не беа твои! Зошто ги урна? - Така сакав ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Да и видите виа децата, да и позакрпите, не гледате ли, слепи да прогледате, бетер од ѓупчиња се сториле! — му даде Толе да разберат зошто ги задржува дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Недолжни, зошто ги изградивме своите антени? (Ни беше потребно недвосмислено да го доживееме она што инаку го одбиваме).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кореанче, лесно се поставуваме на твоето место, ти кој си составен од нервоза и совест.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа не е игра: тоа ни овозможува да кружиме надвор од гробовите во кои се наоѓаме (дамки светлина и звук во воздухот кој го вдишуваме). 2.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Старецот ништо не одговори. Влезе во колибата, ги остави момчињата да очекуваат и да погодуваат зошто ги остави, а тој се врати брзо и бескрајно ги изненади.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А зошто ги скрил таму куршумите?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Мајко, а зошто ги убиваат храмовите. Верниците... Зарем Бог не гледа?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Министерот за надворешни работи на Франција Делкасе најдобро од сите знаел кои биле гемиџиите, зошто ги извршиле атентатите и какви биле нивните односи со Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зошто ги чувате?“ го прашав повлекувајќи се наназад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Штом знаеш, не губи време. Раскажувај, врати ми го долгот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сакаше да знае зошто ги споменав двете имиња.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Зошто говориш така? го праша Отец Симеон. Зошто ги сакам ножевите, му рече хирургот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ако ги криеш коските на дели млади јунаци тука што лежат по тебе за тија темни дубрави - зошто ги таеш песните?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
...затоа овие текстови настанати колку што е можно повеќе во процесот на сопственото ослободување од дистанцата ги чувствувам како разоткривање на мојот пат кон новата проза па ја молам почитуваната редакција да ги прифати како мој предлог во поттикнувачката дискусија што започна да се води на страниците од вашето значајно литерарно гласило... искрено свој, зошто ги сакам кроки цртежите или како да се претрча тревогата од разделбите ...сочноста на зрелиот плод впиена во белината на хотелските соби сокот од нутрината излиен попатно танц фигури во постелината во воздухот допира против вечноста летот на недопуштената цигара кон езерото жарот и водата во неподносливоста куса и жешка средба...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Гаврану, праша, гаврану. Зошто ги позоба ѕвездите?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зошто ги чепка нашите легенди? Зошто?!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Едните што беа на страната на Николчета им се лутеа на другите што ѝ помогнаа на Трајанка, зошто ги разделила.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нели облеката не го прави човека?“, ми се руга татко ти со некои мои излитени зборови што којзнае зошто ги присвоил, и шашливо се смешка, како да смислил којзнае колку голема шега.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Нека се што сакаат... - викаа луѓето. - Зошто ги фрла?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Зошто ги одбиваш парите, ми велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)