зошто (прил.) - те (зам.)

Бог да ја бие мајка ти, зошто те роди убава, прозвучува пак во него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бог да ја бие мајка ти, зошто те роди убава, -почнува длабок звук да ја тревожи Петровата душа, научена да се обраќа со песна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Ах, Смит!“ рече тој. „Зарем и ти!“ „Зошто те уапсија?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зошто те затворија?“ праша Винстон. „За зломисла“, рече Парсонс речиси пелтечејќи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Смит, бате, да ти кажам зошто те бркам наоколу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Тето, па ова е мал рај! - ѝ се оттргна длабока воздишка на Рада - Сега знам зошто те нема таму долу. Мислам во Македонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не сфаќам. Збунет сум. - Зошто те родив толку будала бре синко, - ми вели мајка ми.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Боб: (на Жан) Знаеш зошто те слушавме? Од мрзливост. Кој те произведе во газда?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
ГОРЃИ: А зошто те гледал баш тебе, а не мене, на пример?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
ЃОРЃИ: И не знаеш зошто те гледал баш тебе, цела вечер?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Тогаш те мразев зошто те немав и се опивав држејќи ја под палто врз седефената дршка десната рака.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Најпосле бегот воздивна тешко: „Да ти кажам сега зошто те викав и дека овој долг муабет не беше за бадијала, иако мене не ми беше лесен, да знаеш.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
СОЊА: Зошто те вика професоре? БОРИС: Тоа му е ново.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ете какви сте вие моите слуги. A зошто те хранам јас тебе, да служиш, или да молиш како баба? Најпосле... ти нема и што да знаеш. Ќе јавнеш коњот, за една-две недели ќе отидеш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Зошто те интересира тоа? - праша Боге, прилегнувајќи на својот кревет и повеќе зачуден што ја гледа уште облечена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
САНЕ: Е, таму. А што мислиш, мајсторе, зошто те вика шефот?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Ти влегло во навика да бидеш здодевен и не знам зошто те трпам, како што не знам зошто секоја вечер пред да излезам на кејот гледам телевизија.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ја мајката, и тоа да не го пишува на внатрешната страна на ѕидот на лотката од стар весник?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„А зошто те викал“, продолжувам да испрашувам. „Донеси еден леѓен топла вода“, вели, „да си ги згреам нозете.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Да знам зошто те чуваат на тоа место.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Чичко ми се зачуди: Миле, зошто те викаат да одиш напред, а јас му реков: Само јас знам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ти сигурно си се прашувала зошто те оставав, сама со децата, откако фашизмот ја прегази Албанија и втаса дури до нашиот Поградец, за време на грчко-италијанската војна!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Немаш веќе толку сила. Што мислиш зошто те намамив да патуваш толку брзо?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)