зошто (прил.) - бре (изв.)

Убаво сте се наредиле, машала. – А зошто бре ти ѓаурски кнез досега не си дошол кај мене да пријавиш милетот, стоката, земјата, а?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Не можеме, ефенди“. „Зошто бре?“ „Ни е срам, ефенди...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Зошто бре да ги брка? Тој со својата убавина треба да бега од нив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)