зошто (прил.) - од (предл.)

Зошто од пријател добиваш непријател крвен, а никогаш не си бил во крвно сродство со него?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А вие не правете се дека не знаете зошто од народните кујни излегуваат ептен патетични песни.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Знам дека политиката има некои општи цели и задачи, но зошто од нив е изоставена поединечната човечка болка?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Младен Чкулот, иако претепан, направи добра трговија. Купи пошто зошто од разни сиромаси разна стока: овци, волови, крави, прасиња, телиња —само да им „услужи" да ги сместат парите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зошто од зло позло за добро? Зар Оној Горе не чита мисли и предумисли? Зар не разликува Оној-кој-сѐ-гледа?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога ја одврза црната шамија и светнаа златните лири, Арслан задоволно ги протрлка дланките од своите меки раце и го опомена Трајка да не ги брои: — Брак, коџабаши, брак!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но зошто од тебе да правам великомаченик? Тоа можам кога сакам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)