зошто (прил.) - негов (прид.)

А тоа, со старецот Акиноски, зошто неговите го однесле во орманот, и покрај што наредните настани брзо го разјаснија, денешниве жители на Потковицата го раскажуваат со страв во душите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поимите како екстатика, хистерија, самоволие, лудост, или дури кусогледоста (која понекогаш сериозно се наведувала како причина за деформациите на Греко) нема никогаш да бидат способни да ни објаснат зошто неговата слика Марија со детето Исус (сл. на стр. 129) просто е убава, па и ако е крајно некласична.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Така уметникот никогаш не е загрозен од свињите зошто неговата сублимација во голема мера го надминува творештвото на свињите (фабрики за измет); напротив: свињите се тие кои се загрозени од делувањето на уметникот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Одеше несигурно и наморничавен чудејќи се зошто неговите очи искривуваат сѐ што и да видат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Иако имал друг стан, зошто неговото семејство не ја напуштило француската болница тогаш кога семејствата на конзулите ја напуштиле болницата и се прибрале дома?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Па, јас имам 75 години”, вели, вешто избегнувајќи го прашањето и наместо тоа објаснува зошто неговиот ум е зафатен со потрагата по идеална смрт.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
До крајот на песната, меѓутоа, О’Хара ја разграничил неволјата на ѕвездата од својата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако не го претставува тоа што „никогаш не паднал“ како некакваси доблест (најпосле, човекот вели „ме имало на многу журови / со поведение крајно срамно“), неговото релативно стамено однесување претставува спротивност на повластените испади на ѕвездата, чија слава ѝ дозволува да ги ползува повластиците и почитта што тој не може да ги ужива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повикувајќи ја да се прибере и да застане пак на нозе, најпосле покажува извесно нетрпение; далеку од тоа дека може да смета на некакви изливи на сочувство за сопствените испади, морал да се снаоѓа без нив, а тоа е зошто неговиот завршен повик истовремено искажува и нежност и цврстина пред глетката на женска гламурозност и абјектност. ‌Тоа што О’Хара свесно ги комбинира тревожната грижа и збунетата оддалеченост го бележи неговото спознание дека тој не се квалификува за субјект на таков раскошен и мелодраматичен дискурс на ѕвезда, макар сведочело тоа и за неговиот восхит и за неговата завист кон оние што се квалификуваат.370 Неговото иронично изрекување на насловот, на крајот на краиштата, го обелоденува својот дискурс како неоснован, освен во тропата на самата мелодрама на славните.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Учествувајќи во нејзината неоснована возбуда, О’Хара го проектира сопственото отсуство на сериозност, особено кога се суди според критериумите на хетеросексуалната мажественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оној, на прагот , се прашуваше, зошто Неговиот двојник што оостана во огледалото Се насмевна, и тоа со насмевка како да простува; Но и со молк што го исмејува заминувањето Сметајќи го за предавство или за грев?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Еве, дури сега, пред портата на Саемот си го постави вистинското прашање: зошто неговата покана втаса во последен час?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)