зошто (прил.) - навистина (прил.)

Бертран работеше во приватна фармацевтска компаникја и беше меѓу првите луѓе во компанијата Многу често патуваше што мене особено ми се допадно, зошто навистина не се чувствував добро во негово присаство, па гледав колку што можам повеќе да не бидам во негова близина.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И зошто навистина не ја силував Луција онаа ноќ? (Таа, всушност, лукава како и секоја жена, ме измами, ме надмудри, оти навреме се предаде: јас само сакав да ја силувам, да покажам извесна надмоќ над неа, како одговор на нејзината партиска декларираност; но таа тоа го сети и во клучниот момент се предаде, да ми го оневозможи тоа задоволство, затоа што Партијата, општеството, нацијата и семејството ја научиле дека е недостојно некој да те силува; така таа, со тоа што се предаде, најде алиби за силувањето, и сакаше скандалот што долго го планирав, да го претвори во регуларен сексуален однос; тука пак, јас киксирав, оти се исплашив од она нејзино ненадејно движење).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зошто сè уште немаше сфатено каков грев си прави на себе, затоа што јас патев, а потоа него мојата болка дупло го болеше зошто навистина ме сакаше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Сега и кошулите црни ќе ги заносиме, - велеа селаните. (Велеа така, зошто навистина луѓето од овие краишта еднаш заносија црно.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)