зошто (прил.) - ноќе (прил.)

Мислеше на Јана и не беше веќе бесен на Ивана со врелина прашувајќи се зошто луѓето стануваат рамнодушни кон своите ривали и зошто ноќе имаат разбирање за нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Знаеш ли зошто ноќе останувам в град? Заради нив, жените од јавни куќи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Раце, зошто ноќе се грабавте за измислен нож? За смеа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сепак ако ве занима, психијатар сум.“ „Докторе“, се искриви од веселост Отец Симеон. „Зошто ноќе, кога ќе се качам на куќните стреи, сретнувам на секој чекор по едно гола жена? и зошто само ноќе, в постела, ми стасуваат од сегде љубовни писма со нацртани четирилисни детелини?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)