зошто (прил.) - постојано (прил.)

ТРОШЧЕЈКИН:... да бегаме, - а ние кој знае зошто постојано одлагаме и си седиме под палмите на сонливата Ванпука.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Навистина Богдан не можеше да сфати зошто сите го земаат на нишан, зошто постојано демнат на него, постојано се расправаат со него и го тераат да ветува ова, да ветува она, да им бацува рака на сите дома за да му простат, кога тој повеќе сака да му удрат шлаканица, да го натепаат, отколку да му зборуваат и тераат на покајување.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бабо, зошто постојано ја носиш шарпата, ја прашував.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потоа ќе земеше што има за ручек и стомни со вода, зошто постојано бевме жедни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Многупати ме прашуваат зошто постојано носам црно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со такви ставови, нараторот добро знае на какви опасности се изложува и не му е тешко да разбере зошто постојано е прогонуван до безизлез; треба да се спречи по секоја цена да ја мине границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)