илјадници (прил.) - година (имн.)

Идејата за рај на земјата, во кој луѓето ќе живеат заедно како браќа, без закони и без напорна физичка работа, ја прогонуваше човековата фантазија илјадници години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зборувај Илјадници и илјадници години, честит царе, умираат луѓе и пцовисуваат секакви животни на земјава.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Цигли од ќерпич (смеса од песок, глина и вода, некој вид влакнест или органски материјал), сушени на сонце се користеле на Блискиот Исток, Северна Африка, Јужна Америка, домородците во југозападните САД со илјадници години.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Илјадници години е познато дека постојат димензии на човековата свест, што можат да се истражуваат со јога, со софистички и визионерски средства, најчесто заедно со употребата на психоделични растенија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Конечно, токму со помош на двомислата Партијата беше во состојба и, колку што знаеме, може да продолжи да биде во состојба да го запира текот на историјата уште илјадници години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Споменикот со импозантни димензии и остар, предупредувачки облик што манифестира стремеж за моќ и доминација, каков што пред илјадници години го гледал митскиот Мојсеј во Рамзесовиот Египет, во оваа реалност, пресоздаден е на еден трет континент симболично поставен на просторот помеѓу три западни буржоаски идеала: Независноста, Уставноста и Праламентаризмот претставен во зградата на Конгресот поставена меѓу нив, на Капитол хил.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И ете кај си правиме така од илјадници години и дури стои веков, Силјане внучко, сѐ така правиме", му рекол домаќинот и друзите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тој не разбра дека континуитетот на една олигархија не мора да биде физички, ниту пак застана да помисли дека наследните аристократии биле секогаш кусовечни, додека пак приспособливите организации, каква што е Католичката црква, понекогаш опстојуваа стотици или илјадници години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)