илјадници (прил.) - луѓе (имн.)

Големите чистки во кои беа опфатени илјадници луѓе, со јавни судења на предавниците и на мислопрестапниците кои ги признаваа своите подмолни престапи, а потоа беа егзекутирани, беа специјални претстави што не се случуваа почесто од еднаш во неколку години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И кога во таква една култура (во која илјадници луѓе проживеале цели страшни паразитски животи на „културни работници“, обезбедувајќи си го до своите втори и трети колена тоа страшно влијание и семоќ на нивото на ова бачило во кое се прпелкаме) некој ќе завриска: крадци!, доларите истекуваат!, време е за пар бројки: (а пред тоа, фала богу, мантрата: Сети се кој си, кој е твојот интерфејс, кои се твоите динамички инпути и аутпути што те одржуваат!): „Маргина“ досега од „Фондот отворено општество на Македонија“ (дефетистички, но сигурно со дебели причини преименуван во „Хуманитарна фондација Сорос, Македонија“) за објавените пет броја (во четири книги) добила 2 250 американски долари.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Една песна е една порака, необично и отворено писмо на еден човек до илјадници луѓе.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Дотогаш луѓето се молеле за мостот, кој требало да им биде од корист на илјадници луѓе од двете страни на реката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Илјадници луѓе копаат, илјадници ги врзуваат ископаните коски со кал и вар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потоа тој многугласен џагор, го покрива единствениот писок на локомотивата која поаѓа, тешко збивтајќи под товарот на долгата композиција што почнува да ја влече; товар што, од транспорт до транспорт, брои илјадници луѓе, милиони спомени, многу очаи, еден страв и нешто преостаната надеж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Прави свој календар од писоци. Писнува, смета полугласно некогашниот прв рабин, на 15-ти март, па на 17-ти, 19-ти, 23-ти, 27-ми; потем се априлските згуснати писоци: од 3-ти, 5-ти, 7-ми, 10-ти, 13-ти, 16-ти, 20-ти, 22-ри, 28-ми април.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Илјадници луѓе сереле каде што стигнувале. Нужниците знаеш колку можат да соберат. Цело Прењес смрдеше.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој гледа еден далечен, минат свет, еден друг Август, фатен во јаки снопови на рефлектори и пречекан со весели извици на илјадници луѓе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)