илјадници (прил.) - и (сврз.)

Тогаш попот трипати се прекрстил и повикал уште еден ангел, шестиот или седмиот од Јовановото Откровение, да го заглушува светот со труба: врз една третина луѓе од земјава се наднесува смртта со исклештени триесет и два заба, доаѓаат илјадници и илјадници киклопи во огнени, синомолскавични оклопи под лавовски гриви, опашите им биле двоглави змии. Морничаво и печално.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зборувај Илјадници и илјадници години, честит царе, умираат луѓе и пцовисуваат секакви животни на земјава.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Погледна преку прозорецот и виде дека светлината доаѓа одгоре, од небото, како да се запалени илјадници и илјадници ханукии.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сепак неколку жени го зграпчиле за мантијата и го напикале во тесна плевна заканувајќи му се дека со стапови ќе го испратат гол и со врзани раце до под самиот Црн Врв ако не престане да ги менува среќните мигови на свадбеното расположение. Не се шегувале, усните заканувачки им се кривеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се потам кога помислувам на илјадници и илјадници лични судбини, на таа страшна, крвава демонтажа на личните животи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)