исто (прил.) - да (сврз.)

Можеби памтењето намерно ме лаже не е исто да се доживее и да се раскаже можеби сонот е фатаморгана и сонувачот можеби оние кои ме повикаа морето да им го вратам барем со збор и не се веќе риби можеби се реслови од некој дамна свршен лов или од оргијата која претстои меѓу морските широчини на овој од себе заведен свет како и да е јас и понатаму времето го мерам со сонот нив ги препознавам во нешто сосем лично и се одвикнувам од животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сево ова го изговарам многу мирно и божем рамнодушно, како да е сосема исто да си дома сам, и да си дома со мајка ти и татко ти.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)