каде (прил.) - да (сврз.)

Тие дни му даваа само леб и вода, но Толета повеќе го истошти бессоницата, оти немаше каде да се испружи да преспие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти немаш каде да ја примиш. Срце што нема за себе конак, не може да пречека гостин!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Може ли и каде да се избега од совеста, тој необичен тиранин?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Недела е, мирен ден. Размислувам, каде да ја потрошам креативната енергија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- А зошто? Нема ли каде да спиеш?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не знам до каде да зборувам и колку треба да кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа, пак, немајќи каде да бега, се фрлила преку пенџере.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Отпрвин само му потврдуваше со главата, потоа почна да се уфрла со по некое „да“, „така е“, „и јас го мислам истото“, а кога овој мина на проблемот на дружењето, вжештено се втурна во монологот: - Каде да најдеш искреност!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Цела ноќ мислев и пребарував каде да те сместиме, ама за тоа никому не кажав, мислев кога ќе стигнеме тука.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дневникот ретко го раскрилуваше во доцните часови на ноќта, ама една тетратка постојано имаше под мишка било каде да тргнеше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Откако ќе го отпразни шишето, тој го затвора и се обѕрнува, бара место каде да го скрие.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се враќаме дома, а нема каде да се измиеш, вода да си префрлиш. Јазот е замрзнат, коритото е преполнето со соспи снег, израмнето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И козарите и пчеларите се жалат, вели, нема каде Да ги истераат козите и пчелите. Нема каде да пасат, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)