каде (прил.) - да (чест.)

- Што е со Никола? Каде е тој? - праша Грујо! - Нешто денеска се позабави - одговори момчето. - Но каде да е... сѐ ќе дојде...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Најтешкото, кога се раскажува за животот, како и во секоја книга, е од каде да се започне.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во овој „алабак табури", како ја викаше еден од родителите оваа дружина, беше „аскер" и малиот кржлав, мрсулав, мешлест како жаба, Крсте, син на манастирскиот ѓак Петка, кој штотуку беше, се запопил, и немајќи ни волови, ни коњи, ни орање, ни копање, немаше каде да го прати сина си на работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Благодарение на тоа што тој ни кажа каде да го најдеме песокот бргу свршивме работа и се вративме со него ненакиснати.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)