како (прил.) - вас (зам.)

Јас за вас, ваше превосходство, знам една историичка, како вас од под еден сопружнички кревет наутро лакејот со четка ве измете“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ние веруваме. Тоа што за вас е чудо, за нас не е.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„А јас не можам вас обајцата да ве трпам“, се одзва досадата, „Вие самите сте најздодевни и не умеете ништо идеално да раскажете.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само што ние, источњаците, тогаш мислам ти реков, не бараме за сѐ објаснувања, како вас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Едно од инженерчињата ми вели: Не сум видел, Коте, вели, луѓе како вас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)