како (прил.) - бран (имн.)

Човековите мисли се како бранови што се издигаат од океанот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ликот ми е човечки, но чувствувам како се изобличува пред светлината, се издига како бран понесен од длабочината на ноќта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Денот беше еден бесен налет заискрена белина, како бран, како еден бран од виделина, удрен во челото на онаа страна од планината, по чијшто грб се искачуваше тој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со галоп влета право во морето и како бран се понесе кон давеникот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Одненадеж народот врати со плач на плачојте како бран врз бран во брегот.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Одиме од едниот до другиот крај, ги слушаме бродските сирени, грачењето на галебите и полека надоаѓаат, небаре како бранови допловуваат и пред очите ни се втиснуваат спомените.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Можеш ли да го познаеш моево лице меѓу илјадници други, можеш ли во темнината да го видиш сјајот во моите очи, а во тишината да го чуеш гласот на мојава душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)