како (прил.) - жила (имн.)

Татко, колку и да се бореше во животот тивко и ненаметливо да ги ублажува наследените и неизбежни разлики, наложени од исчезнатите империи на Балканот, останати како жила­во наследство, со уште пожилава инерција во времето, овде беше оставен засекогаш во просторот каде што разликите беа дефинитивни, засекогаш обележани.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таков, и како жила и како живо сребро, сиот подвижен, тој е секаде околу Претседателот: додека си го здогледал зад Претседателот тој веќе е пред него.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)