како (прил.) - куче (имн.)

„Овдека кучињата живеат како луѓе, а кај нас обратно: луѓето како кучиња...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од Антиката е познат случајот на филозофот Диоген којшто кучешкиот живот го сметал за ултимативен модел за човечкиот живот и решил да живее како куче.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Море, крвта нејзина...”, свикува сејменот и ја легнува; почнува да ѝ ја кине кошулата и да ја гризе како куче.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Огинот гореше меѓу двете колиби, некаде на средината така што можеше чадот да ги брани од комарците и двата влеза. - Бреј, стрвници, како кучиња се нафрлуваат!..
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Каде чамците ги третираат како кучиња.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Толе проведувајќи го времето постојано во природата меѓу животните и птиците, им го знаеше нивниот немушт говор и ги имитираше: кога ќе зарикаше како магаре, сите магариња што ќе го чуеа во селото рикаа; кога ќе замукаше, како крава, сите крави мукаа; кога ќе залаеше како куче, се одѕвиваа кучињата; кога ќе замјаукаше, се одѕвиваа мачките; кога ќе закукаше, му се јавуваше кукавица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Ќе нѐ испоубијат како кучиња.“ „Знам,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се стаписа на местото, се подисправи начулувајќи ги ушите како куче и прво помисли на страната на којашто можеше да очекува опасност па помина со погледот по мракот над високите ѕидови густо обраснати со капини и скреби каде што ништо не можеше да види.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)