како (прил.) - печат (имн.)

Гледај, покажав. Нашите ѕвезди се на нашиот прозорец. Како гладиоли. Не, како печати.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таму им беа нивните Библиски гори во кои наизуст ја учеа песната на Суламка: изнемоштувам од љубов, возљубен мој, трчај скокајќи преку ридови и гори и дојди, положи ме како печат на срцето твое за да доизгорам...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сака, ете, да си ја стави извалканата шепа врз секој негов најнов цртеж, за да изгледа како печат; сака да лизне од секоја чаша млеко што Зоки треба да ја испие – но кој му дава!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)