како (прил.) - печурка (имн.)

За среќа на едни, за несреќа на други, никнуваа како печурки повеќе вештачки јазици, но никој не фати корен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ханка со својата ќерка Азра живееше во една од неколкуте трошни куќи начичкани една во друга како печурки меѓу хангарите во индустрискиот дел од градот, на десната страна од населбата Автокоманда.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Широкиот асфалтиран пат, дело на нашите од градежното претпритјатие „Гранит“ се протега долж тесната клисура на чии падини како печурки се начичкани бетонски бункери со сиви капаци, остаток од недамнешно време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И ова нешто му се случи нему, на ѕидарот, на градителот на куќи, и тоа му се случи во светот во кој живееше, надвор, на периферијата од индустрискиот гигант, во рамното и еднолично село, обележано со вкрстени автопатишта и селски патишта, со бензински пумпи, што беа стратешки сместени на аглите на раскрсниците и трговските центри, таму каде што куќи никнуваа како печурки, оддалечени од нивите за компири.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)