како (прил.) - пиле (имн.)

ПИВКА - Некоја пивка (т.е. мирна и блага) Мивка си пивкала пиво во една пивница, чекајќи си ги нарачаните пивтии. Кога во тој момент се слушнало „пи-пи!“ како пиле да пивка. Дошол пивничкиот детектив и од под капутчето на сиротата Мивка извадил едно пиле. „Бриши одовде, Мивко!“, рекол детективот. „Кој видел пиле да пивка во пивница?!“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Абе, тој ја заградуваше Лена. Како пиле ја затвораше, сакаше да ја стави во кафез.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Вратата се разгрна полека, но наместо да се појави остар јатаган, се појави една сејменска глава; се опули во собраниот куп и се насмеа. – Се собрале како пилиња под квачка – проговори и ја отвори едната пола на вратата. Му се поклони длабоко на тој што беше зад него. Му направи темане: – Бујрум, кади баба. Тука се како лисичиња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ни се сосаа цигарите - рече Огнен, - а ти си лесен како пиле, ако сакаш отрчај в село и купи ни две пакетчиња.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)