како (прил.) - сенка (имн.)

„Прва била линијата околу човековата сенка“ Леонардо да Винчи, Трактат за сликарството Најпрвин те видов како сенка.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ме следи во чекор, тивко со шепите. Како сенка.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Како сенка која не пречи, а секогаш е тука, Роска завлезе во длабока старост, почитувана како супер тетка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Арсо покорно го следеше како сенка Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Збунката што ме прати како сенка, би ја дефинирал како мешавина од Алиса у Земјата на Чудата, Гуливеровите патувања, Волшебникот од Оз и 1984. Овој есеј е малце подугачок и е составен од повеќе мали бајчиња.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
РАЈНА: Што може тоа да биде? (Пауза) КИРО: Евто ме следеше навечер. Како сенка. Тој е во договор со Кајмакамот. Сѐ знам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Иако не правеше сенки, Горда му се приближи како сенка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Понекогаш и откога ќе си легнеа децата, се искрадував и како сенка, како ошумоглавено живинче лунѕав крај ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заборави; и на раснењето на сите девојчиња, на процесот што го нарекуваше „станување жена“, му додели само едно својство – зависта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)