како (прил.) - од (предл.)

Надолу допира до море со голем пристаништен град со двајца светци што лебдат горе на небото а нагоре местото цело како од бишки изриено.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А сега, на моменти, троа убаво, а најчесто многу грдо, како од гериз, избива од дното, од дното на душата, омразата скорешна и стара, мириса, но и смрди, ух, луѓето како одврзани од синџир, ослободени, душата како пуштена од темното, ослободена со сите страсти, со одмаздничките и со подбивните.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Трново личи на Титов Велес. Обата града како да полазеле во височините, по острите и стрмни брегови на реките, кои ги создавале и длабеле кањоните, по кои се начичкани куќарки како од приказна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некако, како од длабина, се слушаа извици на демонстранти кои бараа да се прекине војната во Виетнам, извикуваа против амерканскиот империјализам, против Никсон кого го споредуваа со Хитлера и го наречуваа убиец на светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Целата училница клокоти и врие. Јас вртам цртеж и го гледам: и право и отстрана, но никако не ми оди од рака: споредувам, но лицето не е како од учителката. Особено носот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се трудев ракописот да биде како од Јолета, зашто тој. . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Само му се присенуваше точката, модра а веќе црна, на челото на Нако, токму меѓу веѓите, небаре вампирски мур, а не наречнички предрек, како од навидум случаен, а всушност прицелен истрел, од куршум не однадвор ами одвнатре.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако земаш полкило, рибарот ти црпе од црвеноперките - со тас, како од црква позајмен; ако земаш цело кило, ќе ти црпне и од гајбата со кострешот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сепак, како од почетник не се очекуваше ни повеќе, особено и затоа што човекот беше фрустриран поради забраната да пие што му ја изрече Живко уште на почетокот на патувањево.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Луѓето излегуваа како од конференција: мажите веќе олабавувајќи ги вратоврските за да ги одглават штом ќе излезат и да ги испопикаат по џебовите, пред да седнат во маалската меана на вечерна партија табла, карти или домино; жените одолжувајќи го моментот кога нерадо ќе се приберат дома да ги заменат фустаните за излегување со престилки во кујните.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оргијата инаку нема да ни успее. И таму ќе се расоблечеме. Голи, како од мајка родени.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тогаш си помисли дека можат врзан да го отераат на ујќумат и му ја летна, по другото сокаче, од кај сааткулата, од кај бавчанџиите, по Дабничка Река и покрај Данова Воденица и назад по Пазарџиски Пат стаса назад во Потковицава, што се вели како од праќа фрлен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И особено тие, дечиштата градски. Се смеат и бегаат од него како од страшило.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А мајката прва се спушти и лесно го крена како од фиданка гранка.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не сакам да гледам за други како судат, дури полувистини по потреба зачинети, по порачка пратени, туѓи дела како од себе цедат.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Невозможно ситниот, скоро помал од мене лимар, танок и како од ламарина направен, штукаше мелодично а грленото јаболко смешно му скокаше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Една квечерина стоев сам среде наосот. Во еден миг почувствува како од некаде ме гледаат нечии очи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Веднаш почнува да чита:...зад твоето лице постои сешто, зад моето лице е и твоето...треба да имаш доволно шапки...(со левата рака го зема преполнетиот пепелник)...знам дека постојат големи слабости...случувања имаат свој од...(ги истресува догорчињата во ќесето врз компировите лушпи и неуспешните страници од огледот за Калвино)...ги броиш пукнатините на таванот (навистина ги има)...чувствуваш ли како од овие писма се ткае приказна...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Ох-хо-хо-хо!“ „Ах, тој повторно ика!“, се слушна гадливиот и надмен глас на раздразнетата дама како од високо општество.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Ох-хо-хо-хо-хо!“, се слушна веќе сосем нов глас, едно пет стапки од генералското место и од веќе сосем свежиот гроб - глас машки и народен, но растегнат на умилен и благогласен начин.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа еден од оние големите волци, во расцутот на своите сили, колку едно јунче; неговото влакно, речиси тврдо, како кај ежовите, сега линееше од гладот и остануваше по снегот во излепени прамења, како од мрша.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Работеа во Грција, градеа некаков санаториум крај маслинките на едни стари гробишта, подалеку од градот, ѕидаа повеќе зданија, а оној работеше на сонцето од сите тие денови, ги дигаше како од шега сите оние огромни блокови делкан камен, а неговата црвена коса како да расцутуваше на сонцето на тоа лето, беше постојано среќен и широко насмеан, со сите нив околу себе, со сите ѕидари и со сите деца, секогаш готов да стори нешто за секого од нив со оние огромни пегави и црвено издамчени рачишта да им помогне, а при тоа и да им се насмее со она свое големо лице, на кое постојано зрееше едно огромно задоволство со себеси и со сите други доста поситни од него луѓе, што се грижеа за него и што го слушаа со задоволство како труби неговиот глас меѓу ѕидовите, среќни со неговата момчешки несмасна шега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И биди среќен ако има место на троседот што се пушта зашто секогаш има и полошо: на пример, отоман во кујна покрај шпоретот на кој цела ноќ се крчка на тивко сарма од кисел купус во тенџере за ајвар, дека сте едно семејство, ама имате деца како од две, нели!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Каков ти беше излогот! Ти не знаеш! Чаеви од тревки, цветови и плодови во сите можни бои, распоредени во големи тегли како епрувети, со капаци како од мармалад од шипки од Подравка“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па на левиот тас да ги нареди пладневните тежини и оној часовник што чука 12 пати за конечно разбудување како од Ог Мандино, зашто залудно ми се очите отворени кога мижам со години да не видам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ден на забранет сообраќај Како Пепелашка во Париз, која двапати во еден ден беше на „дворот“ - ете така се чувствуваше оваа малава, што качена на штикли од најмногу сантиметри, сепак, е мала, со срце ’ко зрно од афион, опиено, токму како од него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И сега, замисли, невеста од барака (ќарена за време на земјотрес) со теписон, покриен со черга по дијагонала (од практични причини) и тросед обвиткан со најлон и захефтан со патенти како од филмот „Големата грчка свадба“ (од хигиенски причини), од една страна... и младоженец што живее во државен стан, послан со „персијанер“ и мебел од оние 15,16 ЛУЈ, од друга.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Веќе тешко можеше да се контролира неговата алчност, спржуваше, правеше изгореници, палеше млади дрвца што квичеа под неговата жестина, ја поцрнуваше земјата над која како од шега поминуваше само со краток јазик, жежок, а смртоносен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше штипјанец по потекло, а живееше во Риека, во трикатна куќа - највисоко, горе и од балконот, како од видиковец, се гледаше цела Опатија, Ловран и неговиот град како да се еден.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Знае господ набожните да ги избави од напаст и знае неправедниците, мачејќи ги, да ги чува за судниот ден, ја пелтечел Посланицата на апостолот Петар или нешто друго од Новиот завет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во плевната биле четири жени, сите како од еден јагленен калап извлечени во шума на ќумурџии- волшебници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И повторно блесок! Во водата како од сферно огледало се појавија чудни изопачени ликови. Ѝ се превртуваа во умот рефлектирајќи се во нејзините, како оаза, зелени очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Веднаш, без точки, без запирки, без никаква интерпункција почнав да читам, запалив како од митралез.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Томе стоеше како стаписана и збунето како од немајкаде бавно и малку несмасно ја пружи раката која Петар со огромна нежност и галантност ја зема во рака и ја бакна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Наеднаш и штурците се стивнаа. Сенката ја крена раката од која како од маѓеснички ракав се спушти многубројна басма.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Еден од нив ме зеде и ми ја соблече облеката што можеше лесно да се соблече, другите делови од облеката со нож ги распара и ги расфрли околу масата. Бев гола како од мајка родена.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во следниот момент еден грозен, и греблив писок, како од некоја огромна неподмачкана машина, допре од големиот телекран на крајот од салата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се наоѓаше во средината на некаква голема празна рамнина, една рамна пустелија натопена со сончева светлина, преку која сите звуци допираа до него како од огромна далечина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Офна како од куршум пронижан и изусти длабоко потресен: — Ти ли си, Петре, брате? — и почна да го бакнува по крвавото лице на бацко му Петре, којшто се онесвести од силната возбуда што го најде брата си во крвавата борба со „непријателот", за кого веруваше дека загинал уште пред три години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со скришен поглед се опули кон групата водарки и како од куршум пронижан ги наведе очите и го заврте тилот кон водарките, — го буцна магарето да повјаса да не го сретнат во тесното Мидово уличе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Селото се прогледа како тепсија и Османлиите можеа да видат како од секоја куќа излегува густ дим од оџаците, а на сред село голем собор од луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но, Зоки како Зоки, беше подготвен на сѐ, па за да им направи задоволство на постарите, почна да реди како од подготвен список: - Видов еден чичко.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мажот е желен, жената пожелна и така во недоглед возбудата на раскажувањето живнува јазикот е топол како крв ласцивен кога бликнува опсцен кога засирува јагула-јазик совршен и кога е разголен без кошула без лушпа како од матка изведен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
БОГДАН: (полека подразбира и најлосле како од гром трештен) Шта кажеш, море жено?...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
БОГДАН: (го гледа со страхопочитание) Ех ... јуначина... као од брег одваљен.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Сум видел како од автомобили што врват по улиците излетуваат низ отворените прозорци: хартии, празни кутии од цигари, кори од банани, од лубеници...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сум видел како од убав автомобил, низ отворен прозорец се подава женска рака богато украсена со гривни и прстења и како од неа на коловозот паѓа кора од банана!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Исто така, уште од дете бев екстремно сензитивна и понекогаш се чувствувам како од буквар да ги читам туѓите емоции, а според тоа и нивните дела.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)