како (прил.) - бел (прид.)

Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но ја видов крај реката со здолниште над коленици, блузонот со длабоко деколте, ги отскриваше како бели јарки, нејзините сентименталности пратени со петинг.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Влажните росни капки, посипани со зелената и сочна трева, почнаа да блескаат како бели бисерни зрна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Марионета Душа тешка колку коскиве. Црна како беливе дробови.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Прчот долго, долго, стоеше на задните копита како бело божество на љубовта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овде-онде, се белееја како бели чадорчиња мали печурки.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Шетаа сами низ градот, како бели привиденија, во фурии, неретко во стадо, особено кога одеа на плодење кај прчовите на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)