како (прил.) - мртов (прид.)

Кога дојде Трендафил и двете бевме спокојни. Тажни, ама спокојни.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А бре, како мртов кога, еве, дишам, зборувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
После сето она што го минавме на претходното место воопшто немавме примедби на куќава, но набрзо по вселувањето секое утро почнав да забележувам траги од тела на некои крупни бубачки по тепихот на долниот кат; случајни, како мртви глисти на улица после дожд; а кога прв пат ги здогледав, личеа на топченца волна или парченца кал од детски чевли, или, понекогаш, ако завесите се навлечени, толку потсетуваа на дамки од мастило или темни изгореници што се ужаснував, бидејќи, уште на самиот почеток, тој дебел тепих ме беше престрашил, па првата недела чекорев по него посакувајќи чевлите да ги прождерат моите боси стапала.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Да ли...“ „Да, што е?“ Старецот ја држеше слушалката во рацете како мртва риба.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Падна една зима како мртов месец капна една зима како заклан страв Врвот од забите песни не изостри за голите гранки на погледот но пролетта ја наслути и ронливиот мак на тенката усна на детето на устата барање устата глад Капна таа зима како згазен страв Капна една зима како згасен месец
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Татко ми беше на работа, а мајка ми како луда трчаше по болничката количка во која Татјана лежеше како мртва.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)