како (прил.) - тежок (прид.)

Нема сестри, нема брачеди, ни внуци на чие млеко да го задои нејзиното првенче. Уште како тешка таа си редеше и си мислеше: која баба, која задојница, која нарачница.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Она што го доживуваме како тешка ситуација, несигурност - тоа не е абнормалност, туку перманентна човечка состојба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој не го слушаше, само го чувствуваше како тежок презир кон самиот себе, кон оваа глутница што го запрела дишењето за да ја слуша анегдотата за смртта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ е амбивалентно, нема авторитетно решение на крајот на модерните драма, роман или филм.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вториот, Ксавиер, беше од Никарагва. Ги говореше Лорка, па Неруда, па Хименс со јазик полн со темна страст, што опиваше како тешко вино.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)