како (прил.) - лани (прил.)

Југословените, кои не се толку мнгоубројни како лани, изгледа како да го резервирале за себе хотелот „Славјанска беседа“, додека патниците од Запад најчесто се определуваат за „Рила“ и за најмодерниот софиски хотел „Плиска“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И сега се потсети како лани, во доцна есен, пред да паднат големите снегови, застана скраја од патот, прашуваше двајца: - Ами, бре деци, да ве опитам?...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И ова лето „Гошово“ даде што чекаа Сукаловци и есенва веќе турија, кое старо, кое пролетвина, ни горе ни долу, ами цели 110 кила жито, и си го продолжија животецот како лани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)