како (прил.) - секогаш (прил.)

Меѓу себе зборуваа, па и се караа, за националните и за либералните, како секогаш, па дури и за водата се замераа, кој што повадил и колку потрошил, дали се искапил или испрал, дека волојте пијат повеќе од козите, или овците повеќе од кокошките, но сето тоа си остануваше нивно и меѓу нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И потоа го замислував како да го слушав како малку фалбаџиски им раскажува на луѓето сред село употребувајќи ги зборовите што сега јас му ги ставав в уста: "Бурнав на портата кај него, како секогаш без теклив, да влезам кај братучедот Методија, ама портата однатре затворена, а и резето однадвор не е ставено.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Очекувавме, како секогаш кога ни беше тешко во животот, утеха од неговиот благ поглед, од тоа блажено синило на погледот што смируваше, оддалечуваше од тешкото време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Наместо тоа, тој сугерира дека преведувањето попрво би требало да се посматра како една инстанца во која јазикот би се согледувал како секогаш да е во процес на модификување на изворниот текст, на одлагање и разместување на која и да е можност за дофаќање на она кое изворниот текст сакал да го именува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И како секогаш, заведувањето ја постигнува својата цел.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Многу внимаваше со ништо да не го изневери последниот редослед на татковите книги, да не помести ниту ливче, небаре Татко тука повторно ќе се врати, како секогаш.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Лекум, како секогаш, појде кон дворот за да ги види козите, ама веднаш се сепна и се сети дека козите се оставени со козите на Чанга да ја делат заедничката судбина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка ми беше при крајот на својата последна бременост, но никако да се ослободи од куќните грижи, да го одржува редот како секогаш.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)