како (прил.) - така (прил.)

— Бре, како така, слепелнику! — вели Шпиро. — Два товара руба ќе ти донесе, угу за една лира ли да и а земиме?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, како така, бацко Толе, ами роднина сме! — почна да се брани Ѓурѓа, знаејќи ја Неда како негова посестрима и расипана девојка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Гроб, гроб за ваа кучка шо не сака да го слуша Толе Паша! — нареди Толе да се копа гроб за Гурѓа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како така, мене воспитачот ми рече дека треба да добијам нови”, - се побуни тој.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Заминаа, разбра аљ не разбра!? - Што? Замина? Ами, како така замина без леб?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како така“, загрмеа протестни гласови, „сите видовме дека таа дојде последна!?“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Како така? Зошто така?“ сѐ да знае светот сакал.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Како така? – свикаа обајцата во еден глас. – Па така. Не може. Малечок е.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И ние за Југославија. Како така?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ како така некако да ни вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Кој е тој гроб?“ „Светот...“ „Како така?“ „Така... светот е од сите гробови - најголем гроб; кој заскитал во него - тој го знае...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Аирлија да биде, поп Јанче во куќава моја! (оди и го дочекува бакнувајќи му рака) Како така ти во куќава моја без себап?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Така де! - Така, ама како така? - Не знаеме баш како ...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)