како (прил.) - тогаш (прил.)

Како тогаш се однесуваат на тој начин?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Двајцата изјавија дека не го префе­рираат тој начин на однесување, но не можеа да не додадат дека им се чини дека другиот партнер го преферира.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Железничар, сигурна плата, државно јасле, дебел детски додаток и не му ја мислам ниту на сушата, ниту на градот, не зјапам во небесата како тогаш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Па, како тогаш ќе го освоиме знамето?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
„И како тогаш подароциве ќе нѐ развеселуваат и ќе нѐ прават посреќни ако се вадени од торбите на гревот“ го прашував сладострасниот корисник на мојата љубов?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Море за какви скришни места ми зборуваш?“, веќе заискруваше сладострасникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како тогаш ќе се сетам млад, каква сила и пркос ќе сетам!
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
ЛУКОВ: (Се јавува дури сега. Револверот му е веќе во футролата, а тој влегува со вид како тогаш да се разбудил.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Претполагам дека и сега е во Централниот комитет, како тогаш...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Како тогаш да секна јазот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како тогаш да се вратиле од пасење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)