кај (прил.) - ја (зам.)

И само да се прашувам: кај ја однесоа неа, господе, зошто ме оставија мене?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае кај ја гледаше и како ја гледаше Теменуга, ама ја моли, на клепки ѝ се обесува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Де, бре, кај ја отера, му се насмеале луѓето, ако треба да ти попуштиме!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега не знам кај ја загубив жената, кај ги загубив другарите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прво се тргна Мече и почна збунето да се брка по џебовите, мрморејќи нешто неразбрано, како да не знае кај ја ставил карта.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)