ко (прил.) - облак (имн.)

Отец Висарион, ќе си ја пушти сенката кон мене, ќе ме покрие ко облак неговата сенка и потоа ќе ги чујам и неговите чекори од квачка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали забите си ги барав ваму, дали очите си ги барав, си велам и ја кревам главата: четворица мажи, ко облак застанале над мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да го барам, кај да го барам, вака тешка, ко облак?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)