ко (прил.) - во (предл.)

Ме нагнетија ко во грнец, во ќуп, си ги наседнав петиците со газот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Какви зими, такви рими: жена ми и син ми во туѓина китат елов садник и кршат погача за бадник јас пак сам кмишам дома ко во мечкина утроба трома грицкам виртуелен сладник а татковината ни – гурбетчиски расадник.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
- И жената дебела, ме потргна и јас пропаднав ко во жива сламарица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тргам со петиците, што се вели, летаат искри ко во ковачница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со устето вешто дувнав свеќичката згасна дечињата среќно пејат ко во прекрасна басна.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Исто, ко во народните песни ми иде да зборувам, да прашувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Читам така, ко во треска, мислам дека и својата несреќа ќе ја најдам таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)