кога (прил.) - влегува (гл.)

Кога влегувавме со подавалникот во чардакот, подзастанувавме подолго за да доловиме повеќе од разговорот, но строгиот поглед на Татко си го правеше своето. Ние мигум го напуштавме чардакот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога влегуваш во аптека, сите ти прават место а аптекарите без прашање те честат со двоен лексилиум.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Како да не им веруваше на сопствените уше зошто беше сигурен дека никој не го видел кога влегуваше и излегуваше од неговиот дом.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потем: светлина звучна со сите бои во неа; светлина што кога влегува во секое нешто, неговиот зрак му го вдахнува и го обојува со бојата подобна за тоа нешто, светлина непроменлива, од прапочетокот, а променлива во стварите кога ќе влезе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ПАНДЕ: Кога влегуваше в град биеше камбаната...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Сведен е, ќерко. И Христоса со радост го пречекувале кога влегувал во Ерусалим.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Како впрочем и тој, кога Готлиба го враќаа откај иследникот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Спротивното е давањето отпор; а давањето отпор е само едно залудно и додатно страдање...!  Секогаш кога влегува во ќелијата, Цви Корец чувствува олеснување.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дождот, измешан со лапавица, се подзасили.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Го видов од пенџерчето кога влегуваше во дворот. - Се слушна гласот на една од жените.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пусто мајчино срце и за лошо и за добро секогаш е готово да зацвили…“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тогаш тие пак нешто зборуваа и пак војникот ми рече: - Господинот офицер вели да одиш таму, - тој покажа со рака – и да видиш дали има накој од твоето село.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Мамо! - ѝ довикнав во моментот кога влегуваше внатре.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Оттогаш, небаре суртук од сурутка, доктор Миха се измени до толку што не го препознаваа ни сестрите кога влегуваше и излегуваше од кабинетот, а не пак пациентите што токму него го беа одбрале да ги лекува.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Море, ќерата, беше велеле тие, кога влегува, кога излегува. Дали ангелот го носи на рамо, велеле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)