кога (прил.) - излегува (гл.)

И тргнувајќи пред Максима и пред Васила легнатите овци ги пречекорува, а тие кои стојат туркајќи ги со колената ги растерува, (нивните чакарки, кога се преместуваат од едно на друго место, кусо и отсечно ѕвонат), а кога излегуваат надвор пред вратата на трлото, гледајќи во небото, вели: Небаре е дење. И зазорено е.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога излегуваат, тој само за малку може да ги проследи нејзините прави нозе што се губат меѓу минувачите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога излегуваш да купиш цигари те прашуваат: ќе се вратиш ли годинава?
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Очите твои се гулабови под твојот превез; косата ти е стадо кози, кога слегуваат од Галафската гора; забите твои – како стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; усните твои – како алова панделка, а устата твоја слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ти е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ти се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; Таа: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; Тој: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ФРОСА: Вистина, вистина, останало од старите - адет кога излегува некој од куќи за на печалба да се стави софра. Велат за пак да си се врати на софрата — дома.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја извади и ја стави на масата.  „Татко ми ми рече дека отсега натаму, ова треба да го носиме секогаш кога излегуваме на улица”.  Мајка ми, секогаш брза во реакциите, дојде до масата и ја зеде ѕвездата.  „Какви се тие глупости, ќерко!
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Не зедоа како големи, ама таму, во Преспа, кога излеговме така убави униформи, сѐ во ново, море и чевли, и чорапи, та и кошули и ремени и автомати ганц, знаете, со строев чекор, по четворица, само правот – пуф, пуф под нашите нозе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Транспортерот се покрена всушност уште кога излегував од Авенијата на палмите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
2 О ти оставаш да зборувам за љубовта како што верувам а тоа е сепак повеќе одошто умеам Оставаш да го возобновувам мигот кога излегуваш од својата насмевка и остануваш толку осамена што бршленот почнува да живее на твоите глуждови.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Така беше и последниот пат кога излегувавме од долгиот ходник со кој беше поврзана кујната со дворот, кога откај портата слушнавме јасно мекање што влегува во нашата куќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми никогаш, кога излегуваше од дома, не ја вадеше паларијата. Така беше и овој пат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Наутро кога излегувавме на Бело Брдо тие веќе јаваа и одеа негде, се губеа и пак се јавуваа по висорамнината, а потоа, на некој знак што никој од нас не го забележуваше, ќе јурнеа прудолу кон реката.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Море, ќерата, беше велеле тие, кога влегува, кога излегува. Дали ангелот го носи на рамо, велеле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)