кога (прил.) - лета (гл.)

- Да, се сеќавам – излажав. Оти всушност не се сетив дека таа тоа ми го раскажувала, туку убаво памтев дека на тие теми разговаравме со Игбал кога летавме со килимот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сепак, тоа што моментално го имав во животот ми беше некаков успех, тргнувајќи од фактот дека сум дошла од провинција во источниот дел од земјава, каде што птиците заборавиле да пеат кога летаат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Пилотот во овој случај се чувствува втопен и потполно присутен во еден виртуелен свет, којшто наизменично се поврзува со реалниот свет.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога летате ниско во F16 Falcon со суперсонична брзина над планински терен, колку помалку го гледате реалниот свет толку повеќе можете да го контролирате вашиот авион.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)